Алфа блог

Иновациите во интернетот се примарно средство за огласување на голем број престижни компании, а Алфа Ромео брендот е веќе познат како „навлечен“ промотер и корисник на потенцијалите на новите медиуми. Овој пат за промоција за моделот „Алфа МиТо“ го одбраа блогот, „Alpha MiTo Blog“:

11-alfa-mito-blog-1.jpg

Блогот на моделот ќе биде централен извор за информации во оваа кампања до крајот на јуни 2008, но секако и потоа. Нивните комуникациски стратези процениле дека блогот како медиум и место за промоција најверно ќе ги пренесе нивните пораки до потенцијалните корисници, но и пораките на корисниците за нив. Инаку моделот изгледа како особено погоден за користење за нашата елита. Не, не, името на моделот нема врска со оваа идеја 🙂

1 Comment Алфа блог

  1. melbourne airport 21/11/2012 at 05:04

    The one who draws a cart is urged on. – Russian Proverb

Comments are closed.