5 AdWords финти што ги научивме од Варга

Главниот настан оваа недела за сите што се бават со AdWords беше доаѓањето на легендарниот Мирослав Варга, најискусниот и најзабавниот Google сертифициран тренер за AdWords во Скопје.

Околу 20 луѓе од различни бранши – маркетинг агенции, банки, компании, портали, фриленсери, стартапи, имаа уникатна можност да поминат 2 цели дена учејки ги напредните тактитки за рекламирање на Google од човекот кој, како што можевме да видиме со свои очи, има неколку милијарди импресии и неколку милиони кликови во својот AdWords акаунт.

Miroslav Varga - AdWords

За сите што го пропуштија ова прекрасно дружење, издвојуваме дел од најинтересните работи што можевме да ги научиме од Варга на напредниот тренинг.

  1. Како да се заштите од лажните кликови во дисплеј кампањите

Ако не контролирате од каде доаѓаат кликовите, и ако не ги ограничите вашите дисплеј кампањи според местото на кое се прикажуваат, добар дел од буџетот ќе биде залудно потрошен, бидејќи постојат многу луѓе кои заработуваат кликајќи на вашата реклама на нивниот сајт. Со анализа на CTR, и бројот на кликови на секое место на кое се појавила вашата реклама, лесно може да видите кои пласмани се сомнителни и да ги исклучите. Ако кај одредени пласмани забележите CTR кој е два, три или повеќе пати повисок од просечниот, а при тоа има јасна дисперзија на кликовите во временски интервали тогаш добри се шансите дека станува забор за сомнителен пласман и треба да го исклучите.

2. Како да се одлучите за CPM или CPC стратегија за вашата дисплеј кампања

При стандарден CTR од 0,1% кај дисплеј кампањите, вие имате 1 клик на 1000 прегледи, што значи дека CPC е еднаков на CPM и нема разлика со која од двете стратегии ќе одите. Но, ако вашата кампања достигне CTR од 0,3% тогаш веќе станува поисплатливо да одите со CPM бидејќи добивате 3 клика на 1000 прегледи, а плаќате за 1.

3. Modified Phrase Match

Во AdWords од неодамна има нов начин за одредување на опсегот на клучните зборови. Modified Phrase Match е комбинација од Broad Match и Phrase Match – ја задржува слободата од првиот, давајќи јасни насоки за редоследот на зборовите како вториот. MPM е мошне корисен за погаѓање на long tail search фразите, но и за избегнување на инверзии кои даваат различен контекст без да се користат повеќе различни Exact Match комбинации. Се користи кога сте сигурни дека при одредено long tale пребарување постојат зборови кои сигурно стојат еден до друг без разлика на комбинацијата на останатите зборови.

4. Ad Customizers

Мошне корисна функционалност кога креирате search реклами за голем број продукти. Помага на два начина – дозволува генеричко креирање на рекламата според пребарувачкиот збор и овозможува полесно да направите промена кај сите реклами одеднаш. Наместо промените или рекламите да ги правите рачно и една по една, имате можност да ги поставите во spreadsheet табела па при креирањето на рекламата да зададете команда рекламата да ги влече податоците од табелата. На тој начин кога ќе имате потреба да имплементирате одредена промена кај голем број реклами, истата можете да ја правите директно во ексел табелата.

5. ALFA/BETA кампањи и SKAG – single keyword ad groups

За да ги изберете најдобрите кучни зборови за вашата кампања, дел од буџетот наменувате за ад група во која најголемиот дел од клучните зборови се broad match (BETA кампања). Според перформансот на овие клучни зборови, ги селектирате најдобрите и од нив креирате ад групи за секој од клучните зборови (ALFA кампања).

Се надеваме дека овие неколку совети ќе ве инспирираат да прочепкате малку повеќе на тема AdWords. Во меѓувреме креиравме и facebook група за сите професионалци и ентузијасти кои работат со AdWords, па бидете слободни да ни се приклучите и таму.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.