ИНФОКОМ 2005

За да се оградам од сам почеток морам да кажам дека не го посетив овој ИНФОКОМ. Искрено не чувствувам потреба да гледам ситни дилери како даваат редовни попусти и овде онде по некоја софтверска компанија (секоја чест). Но не е целата да се излезе на саем за да се покаже со големината на штандот колку СМЕ јаки. Овој текст нема за цел да го коментира инфоком туку неговиот плакат. За жал никаде на интернет не можев да најдам официјална страница за овој саем па бев приморан рекламниот плакат, постер или како и да се вика да го скенирам од весник.
Што сакам да кажам: Македонија и нејзиниот саем за информатика е толу на високо ниво што ние бевме подготвени оваа 2005 година за време на инфоком да измислиме нешто што е на рамниште со машина за пишување и телефон. Браво за нас т.е. за вас инфоком. Стрпливо почекав да заврши и сега се прашувам што беше тоа што се измисли на инфоком. Мене овој „беден” плакат не ме мотивираше да го посетам инфоком 2005. ЗОШТО??
плакат

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments ИНФОКОМ 2005

  1. теко 26/04/2005 at 13:53

    Welcome to the club.

    За разлика од тебе, јас изгубив 1 час од моето време и го посетив "панаѓурот" наречен ИНФОКОМ.

    Со еден збор кажано "катастрофа". Мислам дека секоја фирма пред да се претстави на саем, претходно треба да пополни прашалник во кој ќе одговори на прашањето. Што е тоа саем?

    90% од фирмите кои беа присутни на самот, беа фирми кои продаваат харвер. Но, само 5% од нив беа официјални претставници на некои од познатите брендови во Компјутерскиот свет. Све друго беше "Жута техника" која буквално беше изложена на тезга. Оваков попуст, онаков попуст, … смешно. …

    Не не згрешив во претходниот дел од текстот. Не прашалник, туку да покажат билет од CeBIT, дека виделе нешто и сватиле што значи саем.

    Не вреди да зборувам за нив … беда, сега слободно можам да кажам за некои наши фирми каква ќе им биде кореографијата на нивниот штанд во наредните 100 години, бидејќи во претходните десет им е иста.

    Сакаш да видиш, да прашаш нешто што те интересира…НЕМА КОЈ ДА ТИ ОБЈАСНИ :-)…Видов некој продукт од фирмата AAA и сакав да прашам неШто околу него. Се работеше за софтверско GPS решение за локација и следење на возила. Стучњакот(една млада дама) кој се трудеше да ми објасни немаше поим што значи GPS и зошто служи … ако кога прашав кој го изработил софтверот … ми одговори фирмата BBB, а мапата, BBB, кога прашав колега кој работи во фирмата BBB рече дека не изработуваат мапи…ИНФОКОМ, пардон ИНФО.што???

    Нема везе, да не должам многу и ви одземам време. Сепак после 5 мин. шетање по тезгите ми стана јасно зошто овде нема познати имиња од IT светот.
    Зошто и за кој тие би биле таму???

    Каде беше Microsoft, Oracle, HP, … каде беше Intel, па ИНФОРМАТИКА не е синоним само за копјутери, каде беа производителите на безжични уреди … SIEMENS, MOTOROLA, NOKIA …

    НИКАДЕ …
    за кој би дошле кога најпосетена хала беше халата во која се организираше турнир во Кантер и која наликуваше повеќе на друмска кафана отколку на самеска Хала.

    Oh mighty Internet …

  2. Sead 26/04/2005 at 14:30

    E pa Darko, eve me pak na Latinica :-)), inaku vo komentar samo predlog, dali mozeme togas godinasniov saem da go proglasime za "InfoKoma"?
    Pozdrav,
    S.

Comments are closed.