„Креативна иднина“ на БиБиСи

Генералниот директор на БиБиСи Марк Томпсон ја изнесе ревидираната програма и содржина на компанијата чија цел е приспособување кон дигиталната ера.

Прегледот, наречен „Креативна иднина”, ја креира идната програма и содржина на БиБиСи во контекст на предизвиците кои ги носат интернетот, мобилната телефонија и интер-активната телевизија.

Томпсон рече дека БиБиСи треба да работи уште повеќе за да стигне до младата публика со различни гледишта и навики, како и да ги пренасочи фондовите кон продолжени вести на телевизијата, радиото, интернетот и мобилните телефони. … BBC Macedonia.com

Навистина никој не се сомнева во БиБиСи, тие се веројатно најпочитуваната медиумска куќа, па оттаму кон оваа стратешка одлука треба да се пристапи крајно сериозно и да се разгледа детално, бидејќи несомнено ова е иднината. Десет одделни тимови составени од врвни стручњаци од БиБиСи но и експерти надвор од оваа куќа точно пред една година започнале да работат на ова задача.

Деталите од нивните истражувања и донесените одлуки можеме само да ги насетиме низ серијата на известувања за медиуми кои овие неколку денови ги издаде БиБиСи.

Доколку сакате да ја дознаете иднината и насоката во која ќе (треба да) се развиваат медиумите задолжително погледнете го детално заедничко известување за овој проект: Creative Future – detailed press briefing

Доколку сакате да продолжите подлабоко, побарејте повеќе детали во овие известувања:
Creative Future – BBC addresses creative challenges of on-demand
BBC’s Director of New Media & Technology defines vision for the future

И навраќајте на сајтот на БиБиСи, следниве неколку денови особено на секцијата за нови известувања за медиуми

1 Comment „Креативна иднина“ на БиБиСи

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 07:07

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about „Креативна иднина“ на БиБиСи | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.