Еве сме со празничен преглед во петок, во сабота.

1. Facebook додаде “Cost Cap Bidding”
Отсега ќе имаме поедноставена навигација, “почист” дизајн и подобар UX во менаџирањето на кампањи во Ads Manager. Во новата верзија исто така има и нова опција за “cost cap bidding”, дизајнирана да ги подобри ефикасноста и резултатите од кампањи. Ова значи дека ќе можеме да поставиме максимум CPA (cost per action) кој потоа системот на Facebook ќе го оптимизира, што може да придонесе за подобри резултати. Овие промени се дел од серијата подобрувања на Facebook алатките кои ги користиме секој ден.
2. Полесно лајкување на твитови во новата “twttr” прототип апликација
Во последната верија на twttr корисниците можат да свајпаат од десно кон лево на било кој твит за да го лајкнат. Претходно овој гест функционираше само на твитови во конверзација, каде копчињата за интеракција беа скриени. Со новата промена можеш да свајпаш во табот со нотификации, на твојот профил, дури и кај резултатите од пребарување. Копчето за лајк е доста ценето од корисниците на Твитер така што се очекува френкфенцијата на лајкување да се зголеми со овој гест. Колку е поразличен процесот на развој кога се работи за она што сакат Twitter корисниците, а не CEO-то.
3. Маркетерите го преценуваат влијанието на микроинфлуенсерите
Според истражување спроведено од Econsultancy, 55% од маркетерите веруваат дека микроинфлуенсерите имаат подобра поврзаност со нивните следбеници, а 61% од потрошувачите рекле дека овој тип на инфлуенсери објавуваат содржина со која лесно можат да се поврзат.
Но дали микроинфлуенсерите можат колективно да донесат поефективни резултати отколку големите имиња? Според резултатите од едно истражување кое ги опфаќа најкомпетитивните брендови во индустријата на производи за убавина, одговорот е не. Брендовите дошле до заклучок дека микроинфлуенсерите не успеваат да воспостават значителен досег, дури и како група. Брендовите кои биле опфатени во истражувањето – L’Oréal Paris, Estée Lauder, Glossier and Pulp Riot – генерирале само 10% досег од микроинфлуенсери. Податоците покажуваат дека микроинфлуенсерите придонеле за 67% до 82% повеќе social mentions за брендовите. Но тоа не е исто што и досег и интеракции.
Со други зборови, микроинфлуенсерите не се замена за мегаинфлуенсерите, но ако се користат стратешки, имаат потенцијална вредност која може да се искористи.
4. Дигитална поделба помеѓу луѓе кои се дел од алгоритми и луѓе кои не се
Голем дел од луѓето повеќе им веруваат на платформи и алгоритми отколку на сопствената влада и општество. Според едно истражување луѓето толку многу ги “ценат” алгоритмите што веруваат на совети од алгоритми отколку од човек. Во минатото, експертите за технологија беа загрижени за “дигитална поделба” помеѓу оние кои знаат да користат компјутер и интернет и оние кои не знаат. Но како што дигиталните уреди прогресираат во технологијата, поделбата не е повеќе за кој има пристап.
Како се справуваат луѓето со толку многу информации и алгоритми кои го диктираат секој аспект од нивниот живот? Итрите корисници се држат настрана и се свесни за влијанието на алгоритмите врз нивниот живот. Во меѓувреме, потрошувачите кои имаат помалку информации се потпираат на алгоритми да им помогнат во донесувањето одлуки. Главната причина за оваа дигитална поделба е дека многу мал дел од луѓето разбираат како алгоритмите функционираат.

Новата “дигитална писменост” не значи користење на компјутер или интернет туку разбирање и проценување на последиците од животниот стил во кој си постојано онлајн. Да не си дел од нечиј алгоритам е луксуз, а еден ден може да биде и симбол на богатство достапно само за неколкумина. Прашањето тогаш ќе биде што со оние кои ќе се најдат на погрешната страна од дигиталната поделба.
Бонус линкови
- The Elegance of Nothing
- What Makes Stories Creative
- “Try not to hear this” – Coca Cola’s new print campaign
Тоа е сè од овој петочки преглед во сабота. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме во следниот преглед во петок. Петок, не сабота. 😉