По оригиналната објава на блогот на организаторите на настанот, еве го освртот за Hitit.digital и тука, сеакако со соодветно прилагодвање на јазикот.
На 14 април во Загреб, во организавија на Escape од Осијек се одржа конференцијата Hitit.digital. Досега сум бил на многу конференции, мали и големи и прилично брзо можам да проценам ниво на квалитет и организација и затоа можав и можам од одма да речам едно големо БРАВО Escape.
Се околу конференцијата од самиот пчеток беше малку различно и мислев дека или ќе биде супер успех или тотална катастрофа. Како прво, конференцијата немаше котизација туку донација за SOS детско село, и тоа не баш многу голема сума, без проблем можеше истата и да се дуплира.

Со две (и пол) паузи за кафе и ручек имаше доволно време за вмрежување и одмор момеѓу предавањата но и супер можност да се запознаат интересни луѓе од струката, и тука исто така може да се заврши освртот зошто некои настани се доволни само заради контактите. Но, предавањата ми беа, бар мене лично, супер корисни и интересни…
Денот започна со видно уморниот и со страшен џетлег Gary Illyes од Google. Тој направи приказ на промената на трендовите и корисниците и даде една супер корисна информација: новиот т.н. attention span на помладата генерација (generation Z) е спуште на на 2,8 секунди и наскоро Google факторите за рангирање: Site speed и Mobile friendliness дополнително ќе добијат на тежина при рангирањето на органските резултатити. Дискусијата по неговото предавање траеше доволно долго за да може тој да одговори на сите поставени прашања, а ги имаше многу.
По Gary, Мирослав Варга покажа неколку практични совети и трикови во презентација со за него карактеристичен, провокативен наслов: „Како со мал да ги задоволите и колку треба да трае”. Покажа метод за оптимизација на буџет за камапња во случај кога имате малку пари. Самата метода но и Мирослав на сцена ме вооушевија, но после минатогодиниот настап на Миросав на AllWeb не ни очекував ништо поразлично.
Следуваше Даворин Чернога кој имаше презентација зa бренд кампањи точно покажа зошто треба да се огласувате на бренд клучни зборови дури и кога сте на прво место на Google. Ги споредуваше цените за клик за небрендирани зборови кога има и нема бренд кампања и докажа за нивната исплатливост. Но, веројатно најважно беше што покажа преку своите истражувања и тестирања дека постои нешто што може да се нарече Account level Quality Score. Даворин го повикав оваа година на AllWeb затоа што навистина сметам дека ќе биде тема од корист и за локалниот пазар. Згора на тоа имаше одличен настап.
Дражен Карачиќ Шољиќ успеа да дигне на нозе голем број жени од публиката и тоа затоа што им понуди семе за навистина кул патлиџани (хоби му тоа). Дражен доаѓа од Inchoo и зборуваше за Google Tag Manager. Иако не користиме Magento и немаме баш многу искуство со GTM, предавањето ми беше исклучително интерсно и корисно и ми се допадна то Дражен покажа што се може да се измери со GTM кој дефинитивно во прва следна прилика ќе го имплементираме.

Ми го спомнаа претходната вечер, но не го знаев воопшто. Роберт Петковиќ ја имаше најзабавната но и дефинитивно една од најкорисните презентации дента. Зборуваше за тоа како погрешно се гледа на бројките во Google Analytics односно како не се гледаат оние извештаи кои имаат смисла туку оние кои се тотално бесмислени. Осве големиот број корисни информации Робер навистина не расплае од смеење сите во публика. Нема веќе потреба да спомнувам дека и него го ставив на листата на предавачи за претстојниот AllWeb. Дефинитивно ќе имаме хрватска сесија на 18 ноември.
И за крај Зорин Радованчевиќ имаше едноставно а толку добро предавање за Google Analytics, односно за тоа како тој го гледа и користи овој сервис. Секој можеше од најискусниот во салата да научи како може да си игра со оваа моќна алатка и како да се заштеди време и мака со коректно доделување на пермисии и функции во напредните опции. Секако дека и Зорин влезе во поширокиот список за посета на Македонија.
Фотките се од FB страницата на EscapeWebSolutions
Кога ќе сумирам, целата конференција беше повеќе од одлична. Одлични говорници, супер програма, дружење, организација и супер дружба потоа во Green Gold Clubu. Иако ова им беше прв ваков настан на Escape секако мора да им се честита особено на Дамир кој беше и „виновникот” за целиот настан. Одвај чекам на нивниот следен настан, а секако во меѓувреме сите комплет ќе ги дружиме и во Македонија.