A која е твојата визија за иднината на медиумите?

Ова е визијата на Хрвоје Цирквенец за иднината на медиумите во Хрватска:

Видеово го најдов благодарение на денешната одлука, сепак, како главен извор на информации да му се вратам на RSS ридерот. И таму, ОП, пријатно изненадување: постар пост на Лариса (@LaMediamix) со ова видео и следниов текст.

Hrvoje Cirkvenec (za koga sam na Google našla da je autor verskog portala “Križ života“) napravio je ovu You Tube prezentaciju o viziji novinarske i medijske budućnosti u Hrvatskoj. Ovaj hrvatski verski medij se već dovoljno dobro snalazi na netu pa za njih ne moramo da brinemo, a pretpostavljam da ni finansijski aspekt nije problematičan…

Значи ајде уште еднаш прашањето: Која е твојата визија за иднината на медиумите?

1 Comment A која е твојата визија за иднината на медиумите?

  1. Јофе 27/04/2009 at 01:48

    Весници во пишана форма… сеуште ќе постојат (не знам дали сите и дали истите), бидејќи има луѓе кои не знаат и одбиваат да користат интернет, и сметаат дека им е касно да научат да го користат. Тиражите ќе се намалат и цената ќе биде посимболична и повеќето реклами ќе бидат на веб сајтовите. Ќе се зголемат редакциите од типот на кирилица и нетпресс…

    Радио – нема шанси да пропадне класичното радио и сите радија да постојат само на интернет… најдоброто кај радиото е што можеш да го следиш и дома, и на работа, и во кола, и на улица, и на планина… ваљда нема во кола да слушаш радио од интернет… шо му фали на класичното преку антена…

    Телевизија – се сложувам дека заедно со интернетот ќе станат најмоќните два медиуми (а и сега се… или не?). Не би се сложил дека се ќе биде оставено на новинарот сам да работи…

    Интернетот многу нормално дека ќе расне во поглед на корисници и сајтови што мене ми е многу симпатично 🙂

    Така отприлика… 🙂

    И дај напишете еден пост вие како автори на блогов, шо е ова… 🙂

Comments are closed.