Digital Age 2.0?

Во конвенционалнава, „mainstream“ теорија, и популарната култура која се надоврзува на неа, се испреплетуваат два поима, т.е. термина, кои според мене сигнализираат неконтање или индиферентност кон тековните процеси во глобалната, технолошки посредувана, култура. Имено , се работи за термините „Information Age“ (информациска ера/ера на информациите) и „Digital Age“ (дигитална ера). Дури и на Wikipedia се дадени во иста секција 🙂 а често и на временска оска се преклопуваат. Нивното синонимно или истозначно употребување и разбирање создава, благо кажано, блага конфузија за процесите кои ти ги означуваат:

Information Age is a term applied to the period where information rapidly propagated, more narrowly applying to the 1980s onward.

The Digital Revolution or Аge, 1980’s-2007’s, refers to the sweeping changes brought about by computing and communication technology during the latter half of the 20th century…the Digital Revolution marked the beginning of the Information Age.

Во прилог на дебатата на оваа тема мислам дека е потребно тие да се одделат. Идејата зад тоа е дека „дигиталната ера“ или „добата на дигиталните технологии и комуникации“ е подлабок процес, поширок феномен, кој во себе ја инкропорира „информациската ера“. Со други зборови, таа е фаза од дигиталната ера, како што јануари или февруари се фази од која и да е година. Ерата на информации полека, преку ширењето на широкопојасниот интернет (broadband internet) и „вмрежувањето“ се трансформира во покомплексен феномен, кој во себе секако ја вклучува информациската компонента, која и послужува на својата фаза следбеничка како штица отскочница, и ја надградува со, буквална, експлозија на аудио-визуелните содржини на интернет (звук/музика, слики, видео содржини, анимации, тв-интернет и слично). Новата фаза на дигиталната ера е концентрат од како од информации така и од „слики“, создавајќи еден нов амалгам чија потзатскриена тенденција е електронски или дигитално да ја одразува не само човековата когниција (=информација) и перцепција, туку и фантазија, т.е. имагинација.

Токму врз сконцентрираноста на имагинацијата, таа нова фаза која изобилува со аудио-визуелно содржини може да се нарече „Age of Images“ или „ера на дигитални глетки/претстави“ кои во суштина се „фантазмоцентрични содржини“. Идеите за оваа следна фаза се расеани низ писанијата на Пол Вирилио (поконкретно во неговите идеи за „супституција“ и „логистика на перцепцијата“) и Жан Бодријар (за симулацијата).

Така на пример реклама за автомобил на која самиот автомобил и не се појавува е полесно разбирлива како содржина од „фантазмоцентричната ера на дигитални слики“ а не од информациската ера на која би и соодвествувала порака од типот „таму и таму за толку пари можете да си ја купите колава“.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.