
Во оваа епизода од Комуникации.нет подкастот заедно со Дарко зборуваме за настаните организирани од заедницата или community driven events. Зошто се тие потребни и колку ги има во Македонија. Има најави за неколку настани кои ќе се организира во Македонија во мај и јуни: Skopje Startup Weekend и Mobile Monday.
Се извинуваме што во подкастот испуштивме да ја спомнеме Јава заедницата. Голема благодарност до @azder што одговори на нашето прашање и потврди дека Амазон е заштитен како бела мечка. Ветивме пиво за тој што ќе твитне дека не слуша за време на полуфиналето од лигата на шампионите па така го покануваме @azder да одиме на пиво на наша сметка :).
Вие имате пиво од мене зашто ме спомнавте за време на Ел Класико! Додуша пред малце го чув тој дел, ама ви верувам на тонскиот запис 😉 Може и заедно со azder
Патем, како еден од оснивачите на првиот BBS Ѕуница, ја имав честа да ја организирам првата "средба на компјутерџии" во тогашна Народна Техника, па може да дискутираме и за предисторијата.
Добра идеја е да се дискутира за предисторијата…. ајде ќе договориме пиво и ќе договориме подкаст 🙂
инцидентно да не кликнев на линкот на твитеров, никогаш немаше да ја видам поканата. Y SO SHY ? 🙂
П.С. првите допири со компјутерите воопшто ми се во народна техника пред околу 15-16 години
Pingback: Најавени Skopje Startup Weekend и Mobile Monday - IT.mk