5. Им помагаат на богатите да бидат уште побогати;
Комерцијалните медиуми своите приходи ги базираат на огласувањето и рекламите. Нивните интереси се испреплетени со интересите на главните играчи од економијата. Кумулативен резултат на таа невенчана брачна заедница е популаризација на оние што плаќаат повеќе, а со тоа постапно ги елиминираат поситните економски играчи. Ерго, богатиот е „осуден“ да се збогатува и понатаму.
4. Ширење на колективна анксиозност и стрес;
Континуирано пласирање на негативни вести создава колективно чувство на притисок, стресност, нетрпеливост и губење доверба во колективните вредности и доблести. Се поттикнуваат песимизам и депресивни чувства.
3. Ширење на површна популарна култура;
Визуелните медиуми доминираат а со тоа и визуелните слики и претстави (images) кои тие ги промовираат. Изглед, линии, бои, форми, комбинации на форми…она што не можеш да го видиш не е вредно и е сосема одвишно. Изгледот е се, тој е клуч за успехот во животот, на други нешта не треба да се троши ни време, ни труд.
2. Експанзија на аморалност;
Постојано барајќи, наоѓајќи и ширејќи ги деталите за девијантните однесувања кај луѓето создаваат колективно игнорирање на позитивните морални вредности и човечноста, и следствено на тоа поттикнуваат отуѓување помеѓу луѓето кои сега се повеќе се плашат едни од други. Ако во медиумите секој ден најдете доминирачки вести дека во светот повеќе ништо не е свето, тогаш со тоа постапно се ослабуваат колективните кочници кон неморалот, па по логиката така прават сите, нечовечноста станува нормална.
1. Доминација и контрола врз популацијата;
Еуфемизам е да се каже дека медиумите влијаат врз нас. Поблиску до вистината е зборот „контрола“. Посредно контролираат што купувате, за кого гласате, како се облекувате, каде патувате, за што сонувате и така натаму. Ако се препуштите на медиумските трендови и тенденции, исто е како да седнете во автобус кој го вози друг, тој не влијае врз вас туку ја контролира вашата судбина, се додека сте му препуштиле да ве вози.
Малку конзервативно, но точно. Впрочем, и јас сум конзервативен, па ми одговара ваков начин на размислување.
Ако се направи анализа, домашните медиуми се виновни по сите точки: црнила, турбо-култура, аморалност, контрола …
Јас би додал уште и: неписменост, сервилност кон владеачките политички структури, површност, и чиста, нескриена глупавост.
Сега со твојов прилог може постот во топ 10 да го преправиме 🙂
Многу точно, и многу е добро да не се гледаат вести. Знам бидејќи не гледам и многу сум посреќен. Телевизија како медиум е многу негативна работа. Мислам на вести, али и сите драми филмови, убијци, психопати и тоа како си носат потсвесно стресови не се поарни. Незнам зошто сите телевизии обожаваат такви филмови?