Празнично честа ми се падна на мене па време е за Велигденско издание на #ПрегледВоПеток 🙂
Apple профитира од iPhone со овозможена 5G мрежа
Додека кај нас се организираа протести со теории на заговор дека додека владее полициски час и карантин, владата ја поставува својата 5G мрежа, Apple растураше со бројки и продажби.
Во првото тромесечие од годинава, компанијата бележи двоцифрен раст во продажба отколку истиот период минатата година. iPhone телефоните со овозможена 5G мрежа се продаваат како луди во Америка и Азија како најголеми пазари, остварувајќи приходи до 89.6 билиони.
Tim Cook изјави дека Apple е во иновациски бум и корисниците го препознаваат ова.
Како да се доближиме до GenZ?
Ако во било кој момент си бил во ситуација да осмислуваш комуникациска стратегија за генерација Z…I feel your pain!
Навидум невозможна мисија која во себе носи низа непредвидени моменти и сопки, мнооогу Ugh моменти и неистестирани пристапи. Оваа неистражена територија не ја спречи Кристина Илич – дел од тимот на хрватски Degordian. Целта е едноставна – да се пласира новиот производ на Jamnica наменет за чудовиштата од новото време (бев колку што можев блага) – GenZ.
Ништо во правењето на оваа стратегија не е од книга ниту по шаблон и Кристина на крајот на приказната по многу истражувања и впивање информации има неколку клучни точки за споделување што би ви биле од корист.
Нема на што 🙂
Новости во пакувањето на Coca-Cola
Имам чувство дека во секој втор преглед споделуваме по некоја новина околу промената на Coca-Cola амбалажите и искрено ветувам дека ова е последен пат јас да пишувам за ова.
До тогаш…..неформалниот сопственик на #F40009 црвената боја, реши да го промени изгледот на лименките. Сѐ уште се немаат изјаснето дали ваквиот дизајн ќе продолжи и на шишињата за кои имаше најава дека ќе одат во еко верзија. Дизајнот е на дизајнер кој работи in-house во централата во Атланта. Целиот изглед е минималистички користејќи ги само боите и логото, без познатото бранче под називот. “Гужвата” од елементи се наоѓа во горниот дел од пакувањето за да асоцира на кревање нагоре и uplifting чувство.
Дизајните се различни за Coca-Cola Original, Coca-Cola Diet и Coca-Cola Zero, со цел купувачите да можат веднаш да го препознаат саканиот производ по визуелниот изглед.
Летачки QR код во Шангај
Сигурно налетавте на оваа вест деновиве низ социјалните мрежи, затоа што беше доста споделувана сензација. Но ако погледнавте слика но не вложивте интерес или труд да прочитате за што всушност се работи, тука сме ние да ја изџвакаме информацијата за вас. (широка насмевка :)).
Не е новост дека е-трговијата во Кина цвета и е дом на најголемите е-платформи во светот. Секојдневно, милијарди кинези користат QR кодови во мал милион ситуации: шопинг, плаќање сметки, плаќање во ресторан и слично. Па не е изненадување што компанијата за видео стриминг Bilibili креираше џиновски QR код (што може да се скенира) со помош на дронови за годишнината од лансирањето на видео играта Princess Connect! Re:Dive.
Минатата година истата компанија направи герила акција со QR кодови, излепени на улици, метроа па и проектирани на облакодери.
Ете, тоа било 🙂
Кои земји се со најголем број на е-трансакции кај нас
Минатата година, благодарение на пандемијата, во Македонија се отворија 439 нови електронски продавници. Ова значително влијаеше на раст на е-трговијата, но освен домашниот промет, 10.8 милиони евра биле остварени од трансакции од странство.
Асоцијација за Е-трговија направи истражување на тоа кои земји ги прават поголемиот дел од трансакциите кон домашните електронски продавници.
САД, Обединетото Кралство, Швајцарија, Германија и Бугарија се првите 5 земји од оваа листа. Трансакциите се правени најмногу со картичките од брендот “Payoneer” и “Revolut” од САД и Обединето Кралство. Ова се должи на големиот број на фриленсери што работат од дома за странски компании.
Од аспект на просечната вредност на трансакциите, имателите на платежни картички во САД во просек плаќале производи и услуги на износ од 2.451,00 денар, имателите на картички од Обединето Кралство плаќале просечно по 2.382,00 денари додека картички од Швајцарија просечно трошеле онлајн во Македонија 2.528,00 денари.
Бонус линкови
- Kako da verifikujete domen i podesite evente na Facebook-u u susret Apple iOS 14.5 Update?
- Meet Around
- Spotify’s library redesign makes it easier to find your downloaded content
- YouTube Reports 49% Jump in Ad Revenue as Video Consumption Behaviors Evolve
За сите оние што отворивте мејл во неработен ден – барајте си покачување 🙂