#комкаст 77 – AdWords муабет со Мирослав Варга

По дводневната обука за AdWords во Скопје и еднодневниата hitit.digital конференција во Загреб и претходната објава на Дарјан: 5 AdWords финти што ги научивме од Варга, моравме уште малку да поразговараме пред камера со легендарниот Мирослав Варга за да го заокружиме нашете скоро цело-неделно дружење.

Мирослав Варга одговараше на неколку прашања поставени од посетителите на обуката. Сподели неколку совети за оптимизација и дневни рутини корисни за сите AdWords прфесионалци.

Инаку на Варга ова му е второ гостување во #комкаст, првиот пат му гостуваше на Митко во декември далечната 2015. година 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.