Употребливоста не обезбедува поуспешни веб-сајтови

Употребливоста е дел од кој било процес на изработка што обезбедува корисникот да може лесно да го користи крајниот производ. Особено е важна при изработката на компјутерски апликации, оти експлозивниот развој на новите технологии понекогаш оди толку брзо што се занемаруваат потребите на самите корисници …Развигор

Вака започнува текстот на Филип, објавен во Неделно Време пред некоја недела. Одличен текст, за многу важна работа: Употребливост

MTVПред некој ден наидов на една информација дека MTV не нашиот, туку оној музичкиот го промениле својот дизајн од Флеш во HTML. Нормално предводени токму од оваа причина. Иако тие официјално велат дека тоа го направиле каок последца на своите фанови, сепак во коментарите на нивниот пост, каде е најавена оваа промена може да се најдат мнооогу „детски” коментари, поплаки и крикувња.

Досега има 459 коментари, разгледајте набрзина 🙂

А легитмната причина за промената? Еве:

Подвид на ваквите дизајнери се оние што сакаат да експериментираат и учат на сметка на клиентот, па преземаат изработка на веб-сајтови со техники што не им се доволно познати, но претставуваат нешто ново и интересно. Така, на пример, пред неколку години кај нас се појавија многумина „флеш-дивелопери“ што недоучено ја промовираа употребата на алатката за анимација и мултимедија Флеш и кај што треба и кај што не треба.

Заведени од едноставната блескавост на ефектите, голем број клиенти имаат прифатено поставување на флеш-апликации на нивните веб-сајтови, особено во вид на банерчиња или анимации на воведниот екран што не пренесуваат никакви полезни информации. Всушност, ваквите џиџи-миџи често и го попречуваат пристапот од машините за пребарување до страниците што содржат информации во вид на текст или само служат да го одвлекуваат вниманието на читателот од нив, ако се вградени во дизајнот на таквите страници. …Развигор

Technorati Tags: , , , , , , , , , , .

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.