ТВ спот за соодветност на програмите по возраст

Уште една убава вест и потег за поздравување (засега аплаузите ќе ги зачуваме, ако затреба секако ќе ги активираме и нив во подршка). Имено, во наредните недели на локалните телевизии ќе започне да се емитува тв-спот за едукација на помладите гледачи за соодветност на програмите кои се прикажуваат:

Со едукативен спот малолетниците ќе се подучуваат кои телевизиски програми се соодветни за нивна возраст. Секојдневно сме сведоци на дневни програми емитувани на телевизија, исполнети со насилство и порнографија. На удар на таквите програми е токму малолетната популација. За да се смени ваквата слика, членовите на скопскиот Ротари клуб дојдоа до идеја да се направи спот со кој би се обележале сите програми за која возраст се наменети…

Идејата беше подготвувана веќе неколку години и циркулираше низ програмите на „Советот“, па ете за поздравуавње и охрабрување е конечната реализација на оваа идеја, које секако е стандардизирана во поголемиoт дел од светот.

3 Comments ТВ спот за соодветност на програмите по возраст

  1. sead93 01/05/2007 at 15:42

    Иако е прилично неупатно и без везе да се стави коментар на свој пост (Дарко проштавај), оти не сакв да го расипувам позитивниот контекст и идејата на самиот настан, сепак само како во фуснота сакав да додадам дека за вакви работи очекував да се активираат субјекти од типот на „Асоцијацијата на Електронските Медиуми во Македонија“ (АПЕЕМ)што би било и логично и нужно (или барем да дадат подршка), а не само да организираат тужибабски и плачко-мифкасти конференции и дописи кога интересите на нивните спонзори се загрозени.

  2. darko156 01/05/2007 at 20:28

    Ех, сеа, ја ќе те карам 🙂

    Него, потегов навстина добар, но штета е што уште еднаш се покажа дека никој рецка не му удура на советот (СРД) эошто оваа категориэација тие ја направија неколку месеци порано и ја рекламираа по весници ин јавниот сервис, но тие немаа моќ да ги натераат сите да ги употребуваат овие оэнаки.

    Ај белки оваа промоција ќе помогне.

  3. Струмјан 02/05/2007 at 12:48

    Неколкуте месеци се повеќе од година 🙂 и за жал само МРТ ги објавува категориите на програмите пред нивното емитување.

    Во која ли категорија ќе ги смести СкајНет оние емисии каде обилно се користи СФРЈ-пропаганда?

Comments are closed.