САД: Тиражот на печатените весници опаѓа

Според истражување спроведено на територијата на САД, тиражот на печатените весници опаѓа континуирано, пред сè заради порастот на употребата на интернетот a податоците се следни:

Вкупниот тираж на весниците во САД опаднал за 2,1 отсто во работни денови, а тиражот на изданијата во празнични денови за 3,1 отсто, се наведува во податоците на „Американската Асоцијација на печатени медиуми“. Најголеми се загубите на „Далас монитор њуз“, чиј тираж е намален за 14,4 отсто и „Њуздеј“ (Њујорк), кој бележи пад за 6,9 отсто. Намалени се и тиражите на „Лос Анџелес тајмс“ (-4,2 отсто), „Бостон глоуб“ (-3,7), „Вашингтон пост“ (-3,5), „Њујорк тајмс“ (-1,9) и други. Не се намалени тиражите на „Ју-Ес-Еј тудеј“ и „Волстрит џурнал“ – најголемите изданија во САД.

Само патемна забелешка: тешко е да се направат паралели со локалната ситуација, иако трендовите се јасни, според намалувањето на цената и други потфати на локалните печатени медиум (понуда на повеќе различни изданија како дополненија на весникот за иста цена), сепак бавниот раст на употребата на интернетот и криење на податоците за тиражот, секој непристрасен осврт на оваа тема го прави прилично шпекулативен.

Од компаративно-континуитетски причини потсетување на постот на Дарко.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.