Уште еден дневен онлајн весник

Внимавајте доаѓа уште еден од првите:

Макфаксонлајн е прв интернет дневен весник во Македонија.

Аман бе луѓе пак ли ПРВ?!? Па нели Infonet беше прв?(претходен пост) А пред него нели СекојДен беше прв? Јас навистина не сфаќам?!? Коe е тоа задоволство да бидеш прв во нешто?!? Мене многу поважно би ми било, еве на пример, да бидам најдобар да речеме а?

Нема врска, ај еве ја и оваа вест, иако чувствувам дека во понеделник кога официјално ќе започне со работа Макфаксонлајн пак ќе постирам на оваа тема, не за друго, имаат една толку иновативна формула (3 х 3 х 7) која би требало да не воодушеви, а всушност ни ја открива повторно ограниченоста на повеќе нивоа. Значи:

Независната новинска агенција Макфакс денеска, по повод 13 години работење, го промовира проектот интернет дневен весник.

Макфаксонлајн е прв интернет дневен весник во Македонија и се подготвува според формулата 3 х 3 х 7 – три изданија дневно, на три јазика, седум дена во неделата. Интернет весникот на Макфакс ќе биде достапен од понеделник. …повеќе

За да биде иронијата поголема СекојДен ја пренесува истата вест, дека Макфаксонлајн е прв интернет весник, па јас зачуден се упатив да видам што е СекојДен (За Нас) И кога да видам тоа портал да ти било.

Ви го претставуваме најновиот продукт на македонската информативна берза, веб-порталот „Секој ден“. Тој е замислен како real-time информатор за случувањата од областа на политиката, економијата, културата и многу други области кои го исполнуваат современото секојдневие. ….повеќе

А јас пак мислев портал е нешто друго, нема врска.

Technorati Tags: Макфаксонлајн, новинска агенција, Макфакс, весник, интернет весник.

1 Comment Уште еден дневен онлајн весник

  1. Tome 05/05/2006 at 21:18

    Унет – прв македонски интернет провајдер…

    За првпат во Македонија (додај свој текст тука)… 🙂

    Се придружувам кон констатацијата.

Comments are closed.