Насловот на овој пост ценам дека е „самообјаснив“ 🙂 Сѐ уште барам одговор и еве се обидувам да поттикнам дискусија, која би сменила нешто на тој план, во позитивна смисла, секако.
Не сум исклучив да тврдам дека нема баш ништо (да се разбереме, сепак голем е и тој You Tube-от :), но до сега во моите пребарувања на поголемите видео-сервиси не сум успеал да најдам некоја позабележана македонска реклама, кога и да ми затребало. Ретко, понекогаш само рекламите на англиски, хрватски или српски, кои ги носат како готови големите брендови.
Останува да ги прочешлам неколкуте македонски видео сервиси, но мислам дека ни таму нема нешто што би го сменило овој општ впечаток.
Дури и К15 кои се екстра online-присутни немаат свои реклами таму, а има многу кои баш ми се омилени. Внесете ги редум сите „Топ 100 извозници“ кои беа пред некоја недела публикувани во мошне „секси“ публикација на Капитал, и ќе најдете „чај од Шипак“.
Според мене ова е јасен индикатор до каде е свеста на нашата „економија“, „комерцијала“ и „маркетингот“ за употребата на интернетот и ползување на неговите придобивки. Каде е „дисконекцијата“ за ова не знам, дали оние кои ги плаќаат рекламите им е сеедно за нивниот ефект, и важно им е само да се „ослободат“ од рекламните буџети, дали агенциите знаат за ова, можат, но не сакаат да им ги качуваат рекламите на коминтените (ако е така, нека им понудат онлајн присуство, нека им наплатат, и нека им ги качат рекламите, беш е едноставно, нели?).
Во таа смисла го црпам легитимитетот на моето „мрчење“ на овие теми. И кога ќе ти каже некој „Македонија IT ова, IT она…“, најчесто си викам „ој си легни“. Ви се молам, значи се работи за елементарни онлајн работи и категории кои кај нас едноставно ги нема. Сега чекаме некој да ни одржи обука за ова?
По логиката на традиционалниот став за „задоцнетиот технолошки развој“ (кај нас сѐ нешто доцни, под дифолт, нели?), нам ни е „нормално“ сето тоа, но за онлајн работите сепак не можеме да се вадиме на изговорите дека „нема пари“, „ние сме мала земја“, „мал е пазарот“.Ма земи таму работи и качувај тоа видеата (ова е само една од многуте работи за кои не трабаат буџети, туку промена на свеста само), нека економските субјекти, кога даваат пари, си се погрижат за целосна услуга, а тие што можат или требаат нека не се вадат со бајати изговори кои треба да ја покријат нивната мрзеливост, некреативност, или индиферентност кон информатичкиот развој на оваа земја. Мислам, ако не е дел од некој „проект“ никој ништо не сака да пипне.
Во модерниот свет тоа не оди така, па ако сакаме да сме дел од него треба да се менуваме, што побргу, и тоа во сферата на „софтверот“ пред сѐ.
Мислам дека имаше една реклама, која одеше само на Јутјуб, и беше како „забранетата македонска реклама“ или така нешто. Неможам да се сетам за што беше точно, знам само дека се возеа во кола двајца 🙂
there ya go
http://www.youtube.com/watch?v=tiLYXW7sbHM
сигурно не се демотивирачки кометраите под посочената реклама на Филип, или можеби се? Зборот ми е: во Македнија, за жал, тубето се сфаќа како поле за плукачки натпревар со соседите и помеѓу партиите
Ako si pameten i ne sakash da troshis pari za dzabe, ke si ja iskljuchish Makedonija vo geografskite filtri na AdWords et al, druze…
http://www.youtube.com/watch?v=xCnkA8pGt74
има и релејтед видеос таму :))))
Поздрав:)
Искра благодарам 🙂
нели фора во државата е се да се учи на тренинзи, семинари и обуки. треба да се направи сега десет дневна обука за ова, па да се научат како полесно до online international commercial. стискаш upload и чекаш, ако не биде на прва на втора фаќа. како што викаш овде не е момент на знаење и техника, туку свесноста како клучна алатка за постигање на целта. поекплоатирана реклама (нели за тоа служи)
Се сведува на добра воља на поединци. И тука нема ништо лошо де, ама баш би било фино кога би имало некој интегриран пристап.
На пример ете тие што ги правеле рекламите за ЕВН да ги посоветувале да направат свој официјален акаунт на тубето и таму да си ги стават рекламите, да стават некои вести каде се спомнува нивната компанија (се разбира по добро) и сл.
Сеад, а извини вака, зошто ти затребала некогаш македонска реклама, чисто ме интересира 🙂 ?
Мене ми затребала за на ADLog 🙂
http://komunikacii.net/adlog/
Ама јас пак се судрувам со друг проблем таму, не можам да најдам генералии кој ја направил рекламата 🙂