133 #ПрегледВоПеток – Twitter Tip Jar, Pep’s Place, IG read receipts…

Ко за ден помалку во неделава, нешто предолга ми изгледа.. Ама еве каде е викендот и еве каде е новиот #ПрегледВоПеток 🙂

Нови функционалности во четовите на Instagram

Facebook најави нови функционалности во допишувањето на Messenger, Instagram Direct и Messenger Kids кои вклучуваат тематски стикери и позадини, визуелни одговори и read receipts на Instagram, подобрени алатки за снимање на аудио и нова функционалност за архивирање на разговори.

Ова со темите супер, а можноста да видиш кога некој ти ја отворил пораката може да биде анкциозно искуство за некои. Зависи од тоа што очекуваш за одговор и како тоа ќе влијае на твоето психичко здравје.

Како и да е, ова не се кој знае какви промени но секоја од овие нови функционалности ќе си има посебна вредност за одредени корисници. Темите може ќе прераснат во нешто што брендовите ќе можат да го искористат во иднина.

WhatsApp е жив и океј

Се сеќавате, на почетокот на годинава, на ‘страшната’ нотификација за планираното ажурирање на политиката за користење на WhatsApp? И како таа ги вознемири стотици илјади од корисниците и сите почнаа да симнуваат Telegram и Signal?

Епа јас сум тука да ви кажам дека WhatsApp е жив и океј. Најголемиот дел од корисниците ја прифатија нотификацијата и не само што се океј туку и расте бројот на корисници! Заклучно 31ви март годинава, WhatsApp има 3.45 милијарди активни корисници на месечно ниво, за разлика од 3.3 милијарди на 31ви декември.

Twitter тестира Tip Jar за праќање пари на твоите омилени акаунти

Уште една прилика за правење пари на Twitter. Тегличката за бакшиш поддржува различни методи на плаќање и Twitter не зема процент од овие пари. Но не секој може да ја активира тегличката на нивниот профил. Сега за сега, можноста ја имаат само одредена група на креатори, новинари, експерти и непрофитни организации.

Twitter вели дека ќе открие повеќе за ова во блиска иднина па ај да видиме како ќе се развие сето ова.

Плаќање со криптовалути на Ebay

Кога сме кај парите, Jamie Ianonne (President & CEO на Ebay) во интервју со CNBC изјави дека Ebay разгледува начини за воведување на криптовалути како опција за плаќање на платформата.

We are always looking at the most relevant forms of payment and will continue to assess that going forward. We have no immediate plans, but it (cryptocurrency) is something we are keeping an eye on.

Jamie Ianonne (Ebay President & CEO)

Pepsi доставува храна во САД

Pepsi во Сад отвори ресторан т.н. Pep’s Place но само за онлајн нарачки и чиј фокус е пијалокот. За разлика од другите ресторани, Pep’s Place на своите потрошувачи прво им нуди избор на Pepsi пијалок. Кога ќе го изберат пијалокот, платформата советува кое јадење најдобро би одело со изборот на Pepsi.

Famous Dave’s ќе ја обезбеди целата храна, а на менито има чизбургер, сендвич со пилешко, сендвич со свинско, ребра, крилца и цезар салата како главно јадење, 4 видови на мезе со главното јадење и 1 десерт. Ми се пријаде!

Бонус линкови

До следниот преглед во петок 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.