За слободата на медимите и новинарството во Македонија

Немав намера да пишувам на темава, зошто доволно се трубеше по медиумиве, но ете, некои линкови и разговори сепак ме нaведоа на постов.

Пред некој ден, барајќи информации за презентација на Бери Хиленбранд (Barry Hillenbrand), долгогодишен новинар на магазинот „Тајм“ на тема Old Media Vs. New Media, на официјалниот сајт на Американската амбасада налетав на колумна од амбасадорот Рикер (pdf).

Почетокот од колумната која е посветена на Светскиот ден на слободата на печатот го вели следново:

По повод Светскиот ден на слободата на печатот, сакав да им се заблагодарам на медиумите за нивната работа за време на неодамнешните претседателски и локални избори. Повеќе независни аналитичари ја пофалија одличната работа на новинарите при покривањето на кампањата и информирањето на јавноста за кандидатите и нивните ставови за важните прашања со кои земјата се соочува. Сигурен сум дека граѓаните на Македонија имаа полза од напорната работа на медиумите и отидоа на гласачките места подобро информирани, како резултат на опсежното покривање на изборите, на што бевме сведоци.

Јас скоро и да не ги следев медиумите за избориве, особено не од некој професионален/научен аспект но сепак не налетав на издржана информација која го потврдува горе наведеново. Напротив. Бев на конференцијата за печат на МИМ кога ги објавија првичните резултати од нивното истражување, и во четвртокот бев на дебатата по повод завршниот извештај од ова истражување и никаде не слушнав потврда за „розевава ситуација“.

Згора на тоа по истиов овој повод, слобoда на печат, на почетоков на неделава имаше демонстрации на новинарите кои се жалеа на темава.

Сѐ уште немам намера да пишувам пост на темава, туку само се обидувам да отворам некои прашања. Дали успеав не знам, некако и не ми се верува дека ќе успеам, ама па ај еве нека стои забележано за да не заборавам кога сум ги прочитал и скрстил неколкуве информации.

Патем, фала Василка за инфрмациајта, настано го снимавме и наскоро ќе се појави видео на newmedia.org.mk

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.