Традиционалниот адвертајзинг пред изумирачка

Седнувате пред телевизор, слушате најава за најновите вести од земјата (малку повеќе) и од светот (малку помалку) и откако ќе ја слушнете веста за мајката која ги изела своите деца намачкани со путер, очекувајќи го прилогот оп – реклами, и траат 1, 2, 3 минути…нормално менувате канал одите на следниот. Наоѓате нешто интересно, новиот секси спот на Ноне и заборавате на вестите и ги пропуштате целосно. untitled.JPG

Слушате радио во кола, оди вашата омилена песна, оп – водителката има да ви каже нешто за автомобилот кој во нареднава деценија нема да може да си го приуштите (оти си ги отплаќате ратите за стан, одмор и ПС3), и нормално менувате фреквенција, изнервирани двојно, и си ја пуштате својата омилена песна на МП3 плејерот што го носите во џеб.

Шетате низ град, ве пресретнува голем билборд на која владата ви порачува во својата најнова кампања дека треба да си ги миете рацете пред да излезете од тоалет, се нервирате колку ви ја потценуваат интелигенцијата и повеќе не ги ни следите кампањите, ниту им обрнувате какво било внимание.

Ова не значи дека маркетингот е мртов и дека нема што да ни каже, туку значи дека е премногу инертен, наместо нови форми и методи базирани на контекстуално рекламирање доминира контингентното (пакет реклами од неколку минути), репродуктивен е и шаблонски, и не разбира дека публиката е многу многу поинформирана и поитра од времето на „Bronhi, lakše se diše“. Методите на рекламирање од тоа време, на локална сцена и не се промениле во некаква битна мера.

Што всушност се случува на овој план? Иако малку побајатичко, сепак „Cluetrain Manifesto“ останува актуелен и може да се споделат некои од неговите 95 тези:

  • Companies that assume online markets are the same markets that used to watch their ads on television are kidding themselves.
  • Companies that don’t realize their markets are now networked person-to-person, getting smarter as a result and deeply joined in conversation are missing their best opportunity.
  • Companies need to realize their markets are often laughing. At them.
  • Markets consist of human beings, not demographic sectors.
  • We want access to your corporate information, to your plans and strategies, your best thinking, your genuine knowledge. We will not settle for the 4-color brochure, for web sites chock-a-block with eye candy but lacking any substance.
  • You’re too busy “doing business” to answer our email? Oh gosh, sorry, gee, we’ll come back later. Maybe.
  • Don’t worry, you can still make money. That is, as long as it’s not the only thing on your mind….

1 Comment Традиционалниот адвертајзинг пред изумирачка

  1. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 05:21

    Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Традиционалниот адвертајзинг пред изумирачка | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.