Некој збор за Digital Day

Одмана немам напишано пост а во изминатиов период богами имаше за што да се пишува. Некако веќе ни станува заморно да пишуваме за настани. Не знам дали е тоа така зошто нема што ново да се пише или затоа што нема публика за која треба да се пишува? Помош? А може и само затоа што нас не мрзи…

Кон крајот на минатиот месец бевме на два одлични настани во Белград. Еден по друг, на иста локација. Двата во фокус го имаа интернетот и дигиталното доба во кое живееме но сепак беа комплетно различни. Овој пост за првиот, па подоцна и за вториот…

Digital Day донесе бројки и ветувања

Digital Day како и што најавивме го организираше IAB.rs и навистина обезбеди достојни имиња за настан од тој ранг. Луѓе од различни бизнис области на едно место собрани да ги слушнат трендовите, бројките и очекувањата за развојот на пазарот на дигиталниот маректинг (со фокус на огласувањето, секако). И се е тоа одлично, но јас имав два мали проблеми.

1. Нашиот пазар сеуште не е во презентациите на регионалните претставници. Затоа бројките кои ги слушам за останатите земји не ми значат баш многу освен до ниво кое вели: има раст, и толку. За да почне да се брои и мери нешто и кај нас веројатно треба ние сами да се организираме (а веќе и го правиме тоа, кај и да е ќе биде IAB.mk) и секако треба некој да почен сериозно да троши пари на интернет (онаму каде може да се избројат) за да се надмине тој (сеуште беден) % од вкупниот маркетинг (огласувачки) колач. Пазаров е мал, во секој случај ако и уделот е мал, тогаш не ни преостануваништо друго освен да туркаме, да чекаме и да се надеваме дека нема да прескокнеме многу чекори и да дојдеме до фаза кога се знаеме и се сме поминале без и да приметиме.

2. Вториот проблем е што ние, кои сме дел од индустријата и не сме баш целната публика на ваквите настани. Како што напоменав, целна публика (ако добро сфатив) се останатите бизниси кои треба да дознаат колку е убаво да се трошат пари онлајн и да решат следнита година во буџетот да одвојат некој процент повеќе. Па оттаму говорниците во своите презентации беа толку општ што добар дел од нив мене (нам) ни беа досдни.

Да не бидам сфатен погешно, вакви настани се само одраз на развојот на пазарот и растот на една нова индустрија. Ако направиме паралела и констатираме дека кај нас нема настан – нема индустрија може и нема да згрешиме. Ама се надевам нема да биде ова случај за долго 🙂

DigitalDay си имаше свои светли моменти (во моите очи). Со задоволство го следев панелот “Digital Brands” во кој најотоврен и храбар да даде коментарии да лоцира виновници беше нашиот (Македонец) Димитар кој на панелот зборуваше во име на фирмата од која доаѓа – The Coca Cola Company. Секоја чест за активните учесници во тој панел и секако за дечкото кој за мерак на сите ги изврти последните 10 кампањи на Heineken. Како за крај, еве линк со сите достапни презентации кои ги прикажаа говорниците. За жал во нив ги нема и видеата, ама со малку пребарување лесо се наоѓаат

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Некој збор за Digital Day

  1. lv handbag 21/11/2012 at 07:48

    Thanks a bunch for sharing this with all folks you really realize what you are talking about! Bookmarked. Please also talk over with my web site =). We could have a hyperlink exchange agreement among us!

  2. purificadoras 21/11/2012 at 12:27

    Definitely, what a fantastic website and informative posts, I definitely will bookmark your blog.All the Best!

Comments are closed.