Одлично. Првиот ден помина. 7 сабајле е од вториов ден, јас станав порано за да ја испеглам мојата презентација. Бројки, бројки, бројки, само тоа. Претпоставувам на новинарите би им се допаднала. Штета нема многу кои би се обиделе да ја сфатат. Како и да е. Првиот ден помина одлично.
Се беше на време, до секунда. Немаше сериозни промени во програмата. Учесникот од Белорусија не дојде ама затоа дополнивме со кратка видео презентација од Paul Bradshaw. Може да се поглдне на Seesmic: Message to Glocal 2.0 conference
Како што очекувавме веќе има доста материјал онлајн за конференцијава па слободно може човек да ја следи и така. Robin Hamman веднаш по негоавта одлична презентација направи YahooPipe кој ја собира сета соджина со таг glocal20. Може да се најде се во оваа цевка тука: Tracking glocal conference
Дополнително, за помрзливите 😉 еве и галерија на фотки од фликр со истиот таг.
Толку, сега за сега. Ако некој има желба да следи може да го следи тагот glocal20. Јас сега морам да дотерам уште некоја бројка од мојата презентација.
Со повеќе информации во следните информативни блокови.
На моја жал конференцијата Ви е во работно време и не можам да Ве удостојам со посета … но еве следам од тука …
Кажете ако имате некој термин покасно навечер … поздрав и гурајте.