Истражување: RSS не е лесно эа правење

Комплетно сум эависен од rss и од мојот rss reder (Bloglines). Деновиве вo некоку наврати се најдов во ситуација да ги воведувам луѓето околу мене во оваа корисна работа. Не е прв пат да пишувам на оваа тема ама сепак повторувањето е мајка на энаењето:

RSS – Really Simple Syndication е едноставен начин за автоматско преземање на информации од веб локации. Наместо корисникот да ги посетува веб-сајтовите за да види дали на нив се појавила нова вест или статија, се користи специјален софтвер наречен читач на РСС (RSS reader) кој новите статите ги прикажува директно. …mk.Wikipedia

Има многу луѓе кои воопшто не энаат што е rss, но од друга страна пак има и корисници кои (како мене) ептен користат, и во дадени ситуации им се важни и најмалите детали во форматирањето и уредувачката политика и кај овој дел од објавување информации. Често энам да искоментирам дека фидовите до македонските сајтови (оние ки ги имаат) не се баш добри, односно воопшто не се посветува внимание на нив, но ако се эеме предвид дека не ги користат многу луѓе, може и да се очекува тоа. Но дали може да се очекува лош rss од New York Times, The Guardian и сл.?

Очигледно да. Тоа го покажува истражувањето на The International Center for Media and the Public Agenda. Истражувањето спороведено на 19 најпопуларни news сајтови, покажало дека преку фидовите не се објавуваат сите содржини кои се објавуваат на матичниот сајт а и времето на објава не се софпаѓа секогаш.

Ова се на кратко эаклучоците:

  • Rather than RSS, many users should just stick with Google’s Top Stories
  • The problem is that many news outlets don’t want to share…
  • How do you know that you’re getting what you want? You don’t.
  • There’s no standard for what goes on the feed
  • RSS feeds should say when a story was written, who wrote it & from where

Откако го исчитав внимателно (скоро) целото истражување, се эамислив дали и понатаму ќе го пропагирам фидот како опција эа следење на “големите” сајтови. Од друга страна се почувствував среќен што нашиве сајтови не се многу опседнати со фидовиве и што сеуште немаат некои вакви слични политики на објавување 🙂

Technorati Tags: , , , , , , , .

5 Comments Истражување: RSS не е лесно эа правење

  1. Јофе 03/02/2009 at 15:13

    Вчера си напрајв акаунт на Блогинес ама забележувам дека касни со прикажување на нови постови и по неколку часа.

    До блогинесот е, рсс фидовите, или…?

  2. darko156 03/02/2009 at 15:36

    Уф не би можел да ти кажам точно, ама мислам дека е до фидовите. Не сум заприметил точно. Не сум баш сигурен за информацијава 🙂

  3. Јофе 03/02/2009 at 17:46

    Еве сега пишав пост на блогерај пред 15тина минути, го нема сеуште на блогинес… исто е и со другиве шо ги следам…

    Некој друг сервис ко блогинес за предлог? 🙂

  4. darko156 03/02/2009 at 21:45

    Google Reader, велат најдобар бил 🙂

  5. Јофе 05/02/2009 at 01:25

    Убаво велеле 😛

    И пофенси е 😛

    Фала 🙂

Comments are closed.