[Најава] Конференција – Медиумска писменост

Полниот наслов на конференцијата е Медиумска писменост – поттикнување на учеството на младите во демократските процеси. Ќе се одржи на 11. мај (вторник) во Холидеј Ин од 10:00 -15:30.

Оваа конференција е дел од Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија „ Societas Civilis“ – Скопје и Европскиот центар за новинарство од Холандија во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија и Бирото за развој на образованието. Партнери и поддржувачи на Проектот се и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, како и Светската асоцијација на весници и новински издавачи од Париз (WAN-IFRA).

mediumska-pismenost

Дел од излагачите веќе имав шанса да ги запознаам при есенскaта посета во Холандија, и морам да кажам дека искрено со нетрпение ќе ги чекам нивните излагања. Во деталната агенда може да се најдат интересни излагања. Meѓу другите ќе зборуваат и Мери Беркаут од Kenisnet, Ерилин Мекмејн од WAN Press и нашите Зоран Андоновски, Нова Македонија и Зоран Ричлиев, МПМ.

Напомена: Јас (Дарко) и Сеад сме дел од овој проект како тренери.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.