Голем број различни истражувања го потврдуваат фактот дека кога носиме одлука за купување на некој производ или услуга најголемо влијание има препораката од пријател на кому му веруваме. Веќе години наназад се зборува (и докажува) дека со развојот на „социјалниов интернет” односно мрежите за социјално дружење влијанието и пред се потрагата по препораки се уште поголеми. Често во презентации и предавања го спомнувам ова но никогаш не сум извадил некоја конкретна студија за да го поткрепам истото со конкретна бројка.
Ете, денес е денот кога ќе го сменам тоа. Nielsen во свој блог-пост каде анализира дел од резултати од истражување кое се фокусира токму на ова. Еве како стојат бројките во истражувањето Global Trust in Advertising and Brand Messages за третиот квартал од минатата година:
Ова секако не значи дека брендовите треба да престанат или да го намалат бројот на емитувани ТВ реклами, туку повеќе става фокус на потребата од промена на целокупната комуникација а со тоа и самата содржина на рекламите. Се кладам дека денес класичните ТВ наративи не поминуваат така ефективно како порано. Во дигиталниов свет брендот треба всушност да се потруди да обезбеди платформа за дискусија. Мора пораките да бидат отворени и да бидат доволно општи за да отвараат теми за разговор преку кој во некоја следна фаза ќе стигнат и препораките.
Едноставно, рекламите треба да даваат „месо” кое ќе биде основа на комуникацијата меѓу пријателите. Ако не ви е доволно јасно ова, ќе ве упатам (уште еднаш) на слајдовите од презетнацијата на Heineken – Virtual vs reality – Linking the Online to the Real World of Beer (pdf, ~9mb) која претставникот од Романија ја зборуваше на Digital Day.
Малку настрана од овој муабет, ме искомуницираа луѓе за да пишам неколку реченици на блогов за онлајн кладби и покер. Не сум многу запален на темава, иако сум комуницирал со пријатели кои киснат на вакви сајтови. Мене ми се виде ова како интересен експеримент. Сепак и ова може да се сфати како еден вид оглас. Во која категорија би ја сместиле оваа порака и колку би ми верувале мене, сепак ова е делумно препорака, нели?