Метеор?

Во хипотетична ситуација врз Македонија да падне метеор/метеорит, астероид или нешто слично, кој би бил пристапот и на македонските медиуми во известувањето за овој настан?1

Сосема фиктивни „наслови на денот“ низ призма на уредувачките профили на локалните медиуми:
МРТВ: Владини претставници го посетија кратерот и му ветија помош на локалното население.

А1ТВ: Голем број повредени и огромна материјална штета во удар на метеор.

Канал 5: Канал 5 дознава, метеорот летал со брзина од 500км на час!

Сител: Претходната влада на СДСМ не обезбедила средства и не направила ништо за планирање на спасувачки акции при удар на метеор.

МТВ2: Тачи: Ахмети и Црвенковски знаеле за метеорот и не ја информирале јавноста!

Вечер: Рејтингот на Груевски зголемен по ударот на метеорот!

Време: Скандал! Владата знаела за метеорот, одвоила средства за помош и ги потрошила за подароци за свадбата на премиерот!

Вест: Ексклузивни фотографии на Натали покрај кратерот: „Сакам жешки работи!“

Дневник: Метеорот ја зовре атмосферата помеѓу партиите во парламентот.

Утрински весник: Полицијата направи спектакл од ударот на метеорот.

Капитал: ММФ и Светска банка нудат грантови за помош.

Форум: Ударот на метеорот ќе ги влоши позициите на Европската унија во Македонија за разлика на оние на САД.

Фокус: Црвенковски и неговата сопруга стојат зад ударот на метеорот!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

9 Comments Метеор?

  1. oksimoron 11/05/2007 at 14:46

    :))))))))))))))))))))

    Падот на метеорот предизвика кратер и во Блогосферата. Помеѓу блогерите се шири штафета за тоа кој како го доживеал паѓањето на метеорот и зошто медиумите не линкаат метеорски информации, а некои прашуваат и кој го организира падот и со каква намера – дали тоа е природна појава или индивидуален избор. Пуст останал и метеор, што му требаше да паѓа тука баш 🙂

  2. ribaro 11/05/2007 at 15:14

    Комплетна анализа за сувопарноста на мак-бљак медиумите… Но затоа тука е блогосферата да разбие 🙂

  3. kotle 11/05/2007 at 15:22

    Светла точка: Помалку симптоматично, но нели сметате дека во овој реформиран контекст, Премиерот не е во фокусот на вниманието, но во ист момент, кратерот, чинам ги систематизира состојбите во теренот, но и покрај настраданото население, можеме да кажеме дека денес, тоа повеќе не е така.

  4. sead93 11/05/2007 at 20:19

    А одлична е парафразата за светла точка :), баш така некако, како гатанка…

  5. dasaf 11/05/2007 at 22:11

    ауу. одлично…

    пошто веќе се зафркававме со вечер и неговите „рејтинзи“, тоа ми е хајлајц 🙂

    добра е и светла точка…

    а еднооки, како би биле они: абе баче, зимај тоа лопатите да ојме, каде бе да ојме баче, абе да ја закопуваме дупката бе баче од метеорот…

    супер…

  6. Томе 12/05/2007 at 00:14

    Вуна:

    [слика од кратерот]

    Да се закопа!

    🙂

    btw метеорит е метеор кој влегол во земјината атмосфера (и не согорел туку паднал на земјата и направил кратер или слична беља).

  7. GoodBytes 13/05/2007 at 01:16

    Генијално, и текстот и коментарите!

  8. Pingback: волан

  9. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 06:45

    Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is magnificent, let alone the content!. Thanks For Your article about Метеор? | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.