Web 3.0 – data… data… data…

Деновиве видеово ми излезе на екран повеќе од 3 пати, а срам го било, во еден таб чекаше на ред да биде погледнато. И конечно еве го изгледав вечерва. Не е долго трае скоро 14 минути, но вреди да се гледа.

Изминативе неколку месеци читав доста за темиве на кои говорат видниве луѓе во документарецов, ама баш и не гледам причина да прераскажувам уште еднаш дека интернетов зафаќа правец во кој се што е податок (data) ќе биде исправено пред предизвик да биде поврзано и поставено во некоја корисна форма која ќе ни го „олесни” животот. Доста мудрување…. ајде клик на плеј, и малку трпение зошто во последно време Vimeo не е баш од оние брзите сервиси.

Патем, автор на видеото е Kate Ray (“наскоро дипломец на Новинарство и психологија на NYU, а во моментов работи на kommons.com)

1 Comment Web 3.0 – data… data… data…

  1. Pingback: Tweets that mention Web 3.0 – data… data… data… | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

Comments are closed.