18 #ПрегледВоПеток

Петочки спремивме, после подолга пауза, нов преглед во петок, ама додека да го објавиме фати сабота. Но тоа и онака до сега не не спречувало да објавуваме кога не е петок, па нема ни сега, ајде на читање.

  1. New Gmail design. Да почнеме од најтазе новостите, вчерашни. Уште во месец април Google најави дека планира да воведе нов дизајн на Gmail. Епа новиот дизајн е тука и изобилува со голем број на опции за полесно менаџирање со твоето електронско сандаче. Истиот дизајн беше адаптиран и на Google Drive и ќе може да го видиме во текот на наредните денови. Ако претходно користевте Inbox ќе ги препознаете дел од решенијата. Нас ни се виде многу бел, ама ќе му се навикнеме. Што мислите вие?
  2. Subscribe with Google. Големите, но и помалите, информативни сајтови изминативе година-две комплетно се насочија кон градење на свој незавизен екосистем. Развиваат стратегии да ги примамат своите читатели да се претплатат и да доаѓаат директно кај нив на сајт, а не преку социјални медиуми или google. Секако ова ги става еден по еден нив во поволна позиција, но Google не сака да остане на страна и се вклучи со својот сервис Subscribe with Google. Линкот кој следи е еден од оние за читање преку викенд, подолг, потпрете се, кликнете и читајте, важно е.  – Google’s news chief Richard Gingras: “We need to rethink journalism at every dimension”
  3. The attribution problem. Како маркетери треба да знаеме кои маркетиншки залагања ни успеале, а кои не. Процесот на идентификување кои реклами и канали за комуникација носат ROI (процес наречен “attribution”) е од голема важност. Digiday направија извештај на оваа тематика со учество на 197 брендови и агенции, и 44 издавачки куќи за да можат да ни доловат како варираат очекувањата кога станува збор за attribution кај различни компании.
  4. GDPR vs marketing. Зборевме за регулативата во некој од претходните прегледи и знаеме дека овој месец, поточно на 25ти мај, стапува во сила. Иако ја разбираме, истата ќе биде тешка за имплементирање во работата. GDPR ќе ги смени маркетинг процесите и квалитетот на податоци, со што маркетинг агенциите ќе бидат ограничени во однос на податоците кои ќе можат да се користат. Добро за поединците, не толку добро за маркетинг компаниите.
  5. Influencer marketing in sports. Се повеќе брендови ангажираат инфлуенсери за промовирање на нивниот контент. Но, исто така, се повеќе инфлуенсери работат како двојни агенти, а тоа придонесува за содржина која нема автентичност. Gareth Leeding (creative director at We Are Social Sport) го даде своето мислење на тема инфлуенсери. Во кратки зборови, секој спортски бренд кој сака да воведе инфлуенсери во својот маркетинг, не треба да се води според традиционалните “ѕвезди на социјалните мрежи”. Спортските брендовите треба да размислуваат како да градат влијание (influence), а не да го купат. А за тоа има најразлични начини.
  6. Conversion Rate Optimization for WooCommerce. WordPress заедно со WooCommerce плагинот, се често решение за поголем дел од компаниите. Креаотрите на плагинот решија да состават една листа на рабои што треба да ги знаете за поодбра конверзија на вашиот сајт, односно – Conversion Rate Optimization (CRO). Како изгледа CRO на WooCommerce; колку чини; дали ќе ми даде позитивни промени во работењето? Сите одговори на овие прашања можете да ги најдете во прирачникот кој го направија WooCommerce. Pretty handy.

Се надеваме дека ве погодивме со четивата за денес. Ако имате предлог тема (или теми) за дискусија, пишете ни порака на фб.

Убав викенд 😊

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.