Помина. Заврши во саботата некаде околу ручек. Траеше три дена. Секако ова е најлошиот можен обид, да се претстави. Во бројки. Но, содржината зад тие бројки појаснува како всушност помина Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution.
21 презентација на лице место
2 најавени презентации комплетно ги немаше
1 најавена презентација во својот термин беше пуштена како видео
1 презентација не стаса на време за да биде пуштена, но сепак ја има онлајн
1 ненајавана презентација беше пуштена како видео
13 од вкупниот број на презентации беа од македонци
1 Yahoo цевка беше направена: tracking glocal conference
131 фотографија со тагот glocal20 има на flickr, (засега)
60+ пораки има на twitter со glocal20 таг
30+ присутни имаше секоја сесија, нормално просекот беше повисок
8 презентации (без овие што се видео) се веќе онлајн (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8)
Знам, имало и ќе има и подобри полоши конференции, но кога ќе се земат предвид сите позитивни и негативни фактори кој влијаеја на оваа, и кога ќе се спореди со очекувањата на некои од нас, останува заклучокот дека помина една конференција која ги надмина очекувањата.
Она што е најважно на ваквите настание поврзувањето, запознавањето и дружењето, а тоа ми се чини не недостасуваше. Муабетите за Glocal 2.0 допрва ќе следат. Ќе се појави и видео и аудио материјал од истата, а ќе се публикуваат и трудовите.
Лично има благодарам на сите кој на кој било начин беа дел од овој настан, искрено мене многу ми значеше.
Само една мала статистичка измена:
12 презентации беа од македонци, 1 презентација од албанец, и неговата презенатицја е тука (http://is.gd/fk9), иако SlideShare изгледа не го сака фонтот. 🙂
Искрено жалам што не можев да присуствувам на двете последни денови.
И честитки за супер организацијата и супер атмосферата! I really enjoyed it.
Лично јас сум благодарна што организаторот ме повика да учествувам на оваа конференција, која би ја окарактеризирала и повеќе од успешна. Кај мене накратко веќе напишав за впечатоците.
Присуството на Glocal ми значеше од повеќе аспекти. Се отвори едно непрегледно поле кое ако умно се искористи може многу да се постигне, посебно во топикот кој мене лично ме интересира, а тоа е релацијата помеѓу археологија на идентитетот->комуникациите -> медиумите.
Пред некој ден налетав на едно писмо во весникот Време чија содржина се бави токму со оваа тема. Писмото е сосем коректно, вклучително со се податоците и изнесените мислења во него. И ќе беше добро да го имаа напишано археолози, но на мое изненадување наместо нив тоа го сториле тројца студенти од Факултетот за комуникациски науки при универзитет ЈИЕ. Ова се поклопува со моето мислење и ми ја потврди тезата дека на археолозите и те како им е потребна обука по комуникации, посебно во релациите со медиумите.
Сепак остана да виси во воздух прашањето зошто ,,научниците" (не само археолозите) некако ги избегнуваат овие конференции од кои може многу да се научи за Новите медиуми и начинот на комуникација со нив. И кој би придонел за подобар проток на информации.
Археоблог
Честитки за трудот Дарко.
Fala Darko za update-ot. I fala na site sto ni se pridruzivte i ovozmozivte konferencijata da bide uspesna. Za nas, kako kadar na relativno mlada Katedra po komunikacii i mediumi, ova e mnogu znacaen nastan i sekoj komentar bese skapocen.
Vi blagodarime!
@ Jeton Линк до твојата преентација иде горе во постот. За корекцијата, морам малку да искоментирам.
Кога велам македонци не мислам на етнички македонци туку на државјани на Република Македонија.
Јетон твоето учество и можноста да се запознаеме ми причини огромно задоволство.
Се надевам дека и воиднина ќе комуницираме за уште подобри работи.
@GoodBytes фала, фала
сакам да се пожалам на очигледно тенденциозното ставање на слика со Apple MacBook (или сличен) лаптоп.
на конференцијата имаше барем 5, ако не и повеќе, Linux PC-ja а само 1-2 mac-а
🙂
just kidding of course
Во одбрана: типот на компјутерот немаше врска со изборот на сликата. Композицијата беше клучна. Публика, компјутер, блогот на конференцијата, микрофон.
Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И