Војник-блогер награден за книга

Колби Базел (Colby Buzzell) е поранешен војник во американската армија кој своите искуства од војната во Ирак (2003-) ги пишувал и објавувал на својот блог. Пишувајќи за своите непосредни искуства од војната Базел го привлекува вниманието и на он-лајн читателите, но и на новинарската фела, која во неговите записи веруваше дека пронашла автентичен нецензуриран глас на човек од лице место кој отворено пишува за суровата воена реалност.

По враќањето во родната грутка Базел врз основа на блогот објавува книга, „My War-Killing Time in Iraq“, која добива награда од Lulu Blooker:

A book written by a US soldier about his experiences in post-war Iraq has won the Blooker prize for books based on blogs. My War: Killing Time in Iraq, by Colby Buzzell, walked off with the $10,000 2007 Lulu Blooker Prize.

The prize comes as the US government is clamping down on soldiers blogging without prior content approval.

“My War may be the last frank and open military blog blook”, said Paul Jones, chair of the Blooker judges.

Tекстовите на Базел избилуваат со експресивна лексика, стил без пардон, валкан, но возбудлив и мошне сличен, ако не и „симнат“ од објавените записи на Хемингвеј за двете светски војни, како и за шпанската граѓанска војна. Покрај својата парадигматичност и сличност vis-a-vis делото на Хеминвеј, книгата добива свој одек и според тоа што наводно „е еден од последните слободни гласови што можат да се слушнат за војната во Ирак“. Тоа преклопување на литературната (мемоарска) димензија со гласот на бунтовникот кој не води сметка за воените норми (американската армија успеала да издејствува, привремено, затворање на блогот) веројатно и му ја донело наградата.

Во конвенционална смисла неговото дело може да биде протолкувано како една добиена блогерска битка, приказна како блогот послужил како медиум за објавување на автентичен нецензуриран глас, но под површината може да се забележи или проблематизираат и други нешта. Најпроблематична, можеби би била, дека неговите записи на блогот се „реални и чисти импресии и сведоштва“, и се пореални од реалноста пренесена од новинарите, но се губи од предвид фактот дека тие се селектирани субјективни и ограничени слики кои веројатно се поблиски до литература, отколку до новинарството. Самиот медиум во овој случај како да ја затскрива комплексноста на содржината и доволно е да се каже дека е објавено на блог за да биде убедливо дека е реално и непосредно.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Војник-блогер награден за книга

  1. GoodBytes 15/05/2007 at 00:50

    Америка, земјата на слободните, слобода на говор, енд соу он. Мај ес.

    На кого му одговара да биде заќуткан овој војник, ако не само на dogs of war, на чело со нафтените компании и Бушовата администрација? Луѓето дебели милијарди изнаправија и сега око не им трепнува за сите луѓе кои таму гинат секој ден.

    Во случајов испаднало дека ни блогот не бил доволен за да се избега од долгата рака на владината цензура во САД. Војната е страшна работа, ама најмногу загрижува што десетици милиони Амери и натаму го оправдуваат тоа што нивната влада го прави во Ирак. Кој е следен?

  2. sead93 15/05/2007 at 07:11

    Да, примерот е интересен од тој аспект како системот ги голта оние кои се активни против него со тоа што им дава формално признание, а самото признание е всушност крај на отпорот, од таа инстанца барем. И навистина е прашање на место колку ваквата вербална демократија олицетворена преку новите форми, овде блогот, има смисла без активизам, поврзување или нешто повеќе од пишувањето. Гласот се слуша, но потоа се губи во шумот на тривијалното. Тоа можеби и не е така погубно за теми да речеме, како спорт или популарна култура, но кога станува збор за војни, навистина е битно.

    http://www.stripes.com/article.asp?section=104&am

Comments are closed.