Го започнувам денешниот #ПрегледВоПеток со кратка приказна.
Вчера на работа се зазборевме за повторното отворање на кафаните и како нема да биде тоа-тоа само по двајца на маса.. Слатко си се присетивме на добрите стари времиња кога бевме по 10+ души на маса и до крајот на вечерта не знаевме кај сме 🥴 (не до толку, пиеме одговорно!)
Го завршивме муабетот, седнувам на лаптоп и гледам @darko156 пратил нов линк во четот што ни е за прегледов. Каква случајност, линкот беше за “Мамурлак!” – виртуелна игра на карти со пиење. Да, пак не е тоа-тоа, ама не те лимитира на двајца играчи како во кафана. Вртиме од Пијопол на Мамурлак и се гледаме на Zoom вечерва откако ќе биде фајронт надвор 😂 (остави мејл во коментари да ти пратиме линкче до „состанокот”)
Facebook со нов темплејт и нови совети за креирање ефективен календар за објави
Facebook вели дека трите најглавни работи кои се составен дел од секој ефективен календар за објави се:
- Време на објава
- Тип на објава
- Канал на објава
Прилично очигледно нели. Сепак, ефективниот календар на објави бара конзистентност. Со мапирање на твојата стратегија ќе се осигураш дека си доследен со објавите, а транспарентноста на целиот процес ќе ти послужи ако имаш потреба да ја доделиш работата некому.
Овој темплејт е всушност дел од Facebook Blueprint курсот за креирање ефективен календар за објави на кој можеш да се пријавиш доколку сакаш подлабоко да навлезеш во темата.
Како функционира алгоритмот на TikTok
Нешто што се прашувам секој пат кога ќе ја уклучам апликацијата.. Имам јас мое мислење ама ќе ви го кажам во некоја следна прилика. Ајде да видиме што вели Later за тоа како функционира алгоритмот на TikTok.
Later вели дека има 6 многу важни фактори врзани за алгоритмот:
- #1 Хаштагови
- #2 Опис/копи
- #3 Песни и звуци што се популарни во моментот
- #4 Времето кога таргет публиката е најактивна
- #5 Снимање видеа и пост-продукција
- #6 Локација
Секако (ваљда) влијаат и други фактори како конзистентност на објави, дуети, користење на нови алатки во самата апликација и времетраење на видеата.
Facebook и Instagram се многу транспарентни во однос на тоа како функционира нивниот алгоритам. Дали во блиска иднина можеме да го очекуваме истото и од TikTok? We shall wait and see.
Не очекувај приватност ако купуваш со картичка
Во текот на изминативе 10 години, податоците за трансакции направени со картичка станаа едни од најбараните со цел откривање на тоа што луѓето купуваат, колкав е нивниот буџет и кои се нивните планови во поглед на финансии.
Овие трансакции креираа комплексен екосистем на продавање податоци. Главни „мастермајндс“ зад ова се доста компании за процесирање кредитни картички, вклучувајќи ги Visa, American Express и Mastercard. Последниве направија $4.1 милијарда во 2019 само од продавање на податоци од трансакции на сервиси за маркетинг аналитика, програми за лојалност и детектирање измами.
И сето ова се случува во тајност. Компаниите за кредитни картички може да признаат дека зимаат пари од анализирање трансакции но сепак не е јасно какви податоци всушност тие споделуваат. GG EZ*
Штеди време и пари на ниво на експертите за огласување со Capt’n
Последната вест за овој преглед во петок ни доаѓа од Хрватска. Capt’n е алатка која со помош на вештачка интелегенција следи кампањи на неколку платформи и согласно нивниот успех корегира буџети. На опис звучи супер, а ако сакаш повеќе детали околу идејата и функционалноста на алатката, Netokracija направи супер интервју со креаторите на Capt’n, Davor Runije од Airta и Mario Frančešević од SeekandHita. Ако судиме по реномето кое го имаат основачите, јасно ви е зошто е во прегледов овој линк 😉
Бонус линкови
- Analiza online medija u doba korone: Vrtoglavi rast broja čitalaca ‘ubio’ angažman publike
- Google Adds New Option to Group and Color-Code Tabs in Chrome
- Folding iPhone concept is jaw-droppingly good
Се читаме во следниот преглед во петок 😉