Воопшто не е чудно зошто Facebook се решава да „фрли” толку пари на мобилни апликации кои добро го сфатиле тој еко-систем. Последните бројки на Facebakers (кои во меѓувреме стануваат едни од нарелевантните за статистика околу FB) велат дека повеќе од половина од корисниците на овој сервис ја користат мобилната верзија или некоја од мобилните апликации. Секако оваа бројка е поголема во земјите каде мобилните телефони се примарен уред, како на пример во делови од Африка, Јапонија и сл.
Не е тајна дека Facebook искуството на мобилен тел. е далеку од добро. Овие верзии се многу рудиментирани и имаат уште многу работа додека да стигнат до ниво до кое ќе може да се мерат со десктоп верзијата. Ова особено фрустрира ако сакате да одржувате некоја стрница, група или слично. Од мобилен е скоро невозможно. Како и да е, фоелми си се, си знаат. Претпотавувам дека воопшто не им е лесно да ги спроведат плановите на дело па затоа ние само ќе си гледаме статистики, ќе си воздивнуваме на бројки и ќе чекаме да не изненадат (се разбира позитивно) со некој новитет.