„Процесот на трансформација на јавните локални радиостаници да се сопре, а овие информативни куќи да бидат повторно дел од јавниот сервис, побараа 29-те радиодифузери вчера на прес-конференција во Велес“. Очигледно не се сите во македонскиот медиумски простор воодушевени од плурализмот, либерализацијата, приватизацијата и сличните пропратни процеси во медиумската сфера. Особено кога средствата за одржување ги нема, а вработените и локалните одговорни се подготвени да работат за една, ете „гола“ егзистенциичка и да известуваат како и да треба на некој кој ќе ги додржи на работа:
-Станува збор за 29 локални радио станици, кои согласно со законот за радиодифузна дејност од 1997 година (член 92) имаат статус на „јавни радиодифузни претпријатија“ кои вршат дејност на локално ниво. Тоа се радио станици со повеќедецениски „стаж“ во радиодифузната сфера. Прва во етерот се појавува Радио Битола (1950), потоа Радио Прилеп (1952), Радио Кочани (1954), Радио Гевгелија (1956), Радио Охрид (1957) и.т.н….
Основен извор на финансирање на радиостаниците (досега) е радиодифузната такса од која се покриваат од 50 до 70% од давачките. Потоа следат рекламирањето и цубвенциите од државата, а некои обезбедуваат субвенции од општината, донации и спонзорства….
Кавадарци добива 10.000 денари месечно, Пробиштип 12.000 и ослободување од комунална такса, Неготино 20.000 денари за 2005 година, Делчево 50.000 денари за 2005, а за 2006 г се предвидени 300.000 денари кои не се доставени. На Радио Штип за 2005 му се одобрени 1.200.000 а исплатени 530.000 денари. Радио Битола за 2005 има добиено 150.000 денари.
Шопар, В (2006) „Состојбата во јавните локални радиодифузни претпријатија“
Со јавниот оглас дел од локалните радија се продаваат од 300 до 5.000 евра, со тоа што долговите за неисплатени плати, придонеси, сметки за струја, телефон и вода стигнуваат и до 5 милиони денари.
Од нашиов локален контекст станува јасен глобалниот принцип зошто „демократијата“ и „плурализмот“ се неодржливи без развиен капитализам. Се демократизира она што носи приходи, а она што е финансиски неодржливо го снемува од мапата на медиуми. Впрочем, на таа линија можат да се направат паралели и со последните глобални трендови и процеси:
David Lazarus, Web 2.0 is all about the money.
Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about Де-приватизација | К О М У РИ К РЦ И И .