Во последниот број (138) на „Форум“ во текст под наслов „Шампиони на вербална демократија“ објавен е одличен текст на тема блогови. Во рамките на овогодинешниот „Глокал 2.0“ беа допрени некои теми како што е прашањето колку блоговите влијаат на општествените случувања и кој е нивниот потенцијал да влијаат во иднина, а овие теми се преиспитуваат и во овој текст на авторката Катерина Нешкова. Освртот е даден и за домашните блогови како и за состојбите во блогосферата во други средини (Англија, Белгија). Додека не биде пуштен онлајн текстот неколку моменти од него:
Отворениот пристап и слободата на изразување е причина што интернет сферата станува нов медиум кој е достапен не само за новинарите и елитата од политичари, интелектуалци и јавни личности, туку и за обичните граѓани. Единствено што е потребно е имтернет конекција и регистрација на некои од блог-провајдерите…Блоговите се погодни (и) за политичките партии, бидејќи за разлика од телевизиските дебати и претставувањето по весници, политичарите на блог директно добиваат повратни коментари од граѓаните.
Текстот е одличен, браво за Нешкова, само една мала, процедурална.
Не ми се допадна употребата на блогерај наместо блогосфера или блог заедница. Можеби е намерно, можеби не. Како и да е, текстот е одличен.
фотографирајте го текстот и дај те го на интернет 🙂
Реф Новица: :)))) баш сум во искушение да го направам тоа, чисто експериментално да видам дали врши работа :)))
Ви благодарам за пренесувањето на текстот и за убавите зборови.
Слободно пуштето го целиот текст, оти на нашата веб страна се работи технички, па новите текстови не ги поставуваме.
Исто така, името на магазинот не е повеќе Форум Плус, ами само Форум.
Поздав,
Катерина
сеа видов, абе она со блогерај не е намерно, се извинувам! 🙂
Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И
Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about За блоговите во „Форум” | К О М У РИ К РЦ И И .