
Денес, седум години подоцна, многу работи се поинакви иако, како современици, често не ги гледаме историските димензии на промените. Во еден ваков момент Редакцијата одлучи во чекор со новото време храбро да влезе во својата втора етапа на подигнување на новинарските стандарди. Денешниот број на весникот е со нов комплетно редизајниран изглед кој се потпира на високите европски норми, почитувајќи ги автентичните потреби на нашите читатели, кои произлегоа од едно обемно истражување. …повеќе
А ова се дел од искуствата, впечатоците и заклучоците на неговиот германски дизајнер Даниел Браун:
„Кога читателот ја погледнува страницата од весникот, тој скенира со око, а тоа некаде застанува и се задржува на одреден сегмент. Тука лежи шансата неговото внимание да се привлече и тој да го прочита текстот. Фотографиите и графиките воспоставуваат директна комуникација со читателот, за разлика од текстот кој мора да биде протолкуван. Затоа се обидуваме низ една оптимална комбинација на овие елементи со текстот да го насочиме читателот“. …повеќе
„Луѓето немаат многу време. Тие сакаат да бидат водени од страна на медиумот, да им се укаже што е она што е важно. А тоа најефектно се постигнува преку дизајнот кој внесува одредена драматичност, наметнува одреден ритам, потенцира одредени теми и го установува принципот на хиерархиска поставеност на текстовите. …повеќе
Очигледно, и културните разлики можат да влијаат врз обемот и карактерот на промените што се внесуваат. Луѓето од одредени културни средини се навикнати на одредени оптички правила. Сепак, како што вели Браун, во овие услови на постојан подем на новите медиуми “весниците мора постојано да се развиваат и да се адаптираат на новонастанатите услови. Секогаш мора да се биде свесен за промените, и во содржинска и во визуелна смисла“. …повеќе
William Shakespeare~ In peace theres nothing so becomes a man as modest stillness and humility.