#комкаст 8 – Комуникации.нет подкаст

Малку е-трговија дискутиравме со Билјана од Ex.mk. Малку најавивме што ќе се случува на LanFest, и секако малку мрчев за M$ и Skype. Се на се епизода која отвори нова дискусија, дискусија која секако ќе продолжи да се одвива во и надвор од подкастот.

Главна работа е што работите со развојот на е-трговијатаво МК одат во убава нагорна линија, а тоа може да биде само добро.Слушни и вклучи се во дискусијата. За некоја недела и во живо 😉

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments #комкаст 8 – Комуникации.нет подкаст

  1. Anonymous 19/05/2011 at 05:12

    Што е со Закнот за заштита на потрошувачи? Како да не сакаат сајтовите да ја враќаат стоката во законскиот рок од осум дена, или така му се чини? И каде е мобилниот темплејт за сајтов :S

  2. Anonymous 19/05/2011 at 09:36

    ti fali c vo naslovot

  3. Билјана 19/05/2011 at 21:56

    Најнапред голема благодарност до Дарко за поканата во емисијата. За жал, за половина час не можевме да наведеме се што опфаќа обуката за отворање на е-продавница која трае 16 часа:) и да ги наведеме сите законски одредби и процедури кои се однесуваат на работењето на е-трговците. Секако дека доколку е-трговецот не може да испорача одреден производ, должен е да ги врати средствата или да понуди друг производ како замена. Прашањето за мобилниот темплејт за http://www.ex.mk е на место поради се поголемата употреба на мобилниот интернет. http://www.ex.mk функционира и преку мобилен, а во план е понатамошно подобрување на прегледноста на сајтот во таа насока.

  4. Anonymous 19/05/2011 at 22:34

    Мислев на мобилниот темплејт за сајтов 🙂 И правото на СЕКОЈ потрошувач да го врати производот во рок од 8 дена без никаква причина

  5. Darko Buldioski 20/05/2011 at 10:30

    Е да, нема мобилна верзија… имавме пред една ендела некој проблем па исклучував работаи за да го средиме.. сум заборвил да го вклучам тоа.. ама сега гледам дека сум го избиршал плагинот комплетно…. ќе ставам нов штом имам малку време. Што не кажа порано :))))

  6. Anonymous 20/05/2011 at 16:40

    Сега приметив. Инаку читам RSS па и тешко е да се примети без кликање на линк…

Comments are closed.