Зборуваме како да работиш на социјални медиуми, но ако сакаш да ги употребиш за да ја изгубиш работата има начин и за тоа.
Инспирација за постов ми беше една пријателка која сподели со мене дека во нејзината компанијата вработен ја изгубил работата заради серија од неприкладни твитови. До сега немав слушнато за сличен случај кај нас, па ете ова ми беше ново. Иако не се согласувам со тоа компанијата да ги следи личните профили на своите вработени, па работите кои тие ги споделуваат по лично убедување да влијаат на сигурноста на нивната работа, сепак уште повеќе ги презирам оние вработени кои не си ја ценат доволно работата и немаат морални и етички норми за тоа што треба да споделуваат на личните профили а што треба да си го чуваат за себе.
Ќе ми беше ќејф да можев во постов да го наведам конкретниот пример, но не побарав дозвола за тоа бидејќи лично сметам дека не е соодветно да се споменуваат имиња. Сепак сме мал пазар и информациите брзо се шират, па затоа ќе споделам неколку примери на твитови заради кои нивните автори го изгубија работното место:
1. Гола, влажна, надувана… професорка во гимназија
Да го напишеше твитов некоја јавна контроверзна лично, на пр. Miley Cyrus немаше да ме изненади. Но дури и таа нема толку експлицитни твитови. А оваа професорка од една гимназија во Колорадо има серија такви твитови кои ја чинеа работното место.
2. Ќе ти го измочам јадењето
Твитов богами одекна во светски рамки. За дечково нема муабет стварно нема “две чисти” во паметот. Ама па да го постираш и на Твитер твоето недело, е тогаш мора да си малку така прост. Јас мислам дека дечково не треба да добие работа нигде, доживотно. Причина: ширење простотилук на Твитер 🙂
3. Расист сум, затоа што мислам дека е кул
Овој случај ми е врв. Точно го отсликува моментот кога си правиш со свој камен по своја глава :-). Именo, Justine Sacco, која е доста почитувана (или беше) во полето на ПР и комуникациите, од желбата да се твитне нешто кул и интересно, твитна нешто тотално некул и разочарувачки. Па добро, кога си директор за комуникации со долгогодишно искуство, нели треба дупло да внимаваш што зборуваш, пишуваш и каква слика креираш за себе??? Не само што го изгуби работното место, туку ја “закопа” својата репутација истатус во својата професија.
4. Биди маж, потценувај ги жените!
Вакви твитови се изначитавме и ќе си читаме и понатаму #јер Балкан. Ама кога не е Балкан може да те чини работно место. Особено ако работиш јавна и благодародна работа. Двајца пожарникари си ја покажаа својата “машкост” на Твитер и си останаа без работа. Многу ми е долно да коментирам за содржината на твитов и за неговото толкување, ама ете, се најде во овој пост.
5. Хомофобија насекаде!
И ова ми се чини е жешка тема кај нас. Знам дека многумина ќе ја осудат одлуката за отпуштање на овој спортски коментатор кој јавно го искажа својот став за геј браковите. Е па на запад јавната осуда на геј браковите може да ти донесе отказ.
6. Твитам строго доверливи информации… под лажно име
Дека не треба да твиташ интерни информации за работата знаеме сите. Па особено ако работиш за Обама. Вработен во администрација за националната безбедност со години си споделувал интерни детали за бесбедноста, плус пишувал навредувачки твитови за жените. Ова „со години“ не ми влегува во глава. Работиш за Обама, твиташ нешто што не смееш ни да го помислиш, а не па да го пишеш јавно, плус имаш сексистички твитови и ти со години се извлекуваш?! Ајде барем на крајот си ја добил заслугата: отказ.
7. Си дадов отказ сама на себе
Стар случај но не и помалку добар од другите. Кога умираш од желба да се пофалиш колку си добар и колку треба да ти љубоморат сите, ама нели фалби ти се под ниво, тогаш ќе твитнеш нешто во стилот на Connor Riley. Е па девојче, колку и да си паметна, овој твој потег ти даде отказ уште пред да се вработиш.
Ако чепкате по нет ќе најдете уште еден куп вакви случаи кои ќе ве натераат малку повеќе да мислите пред да твитнете нешто. Кај нас тешко оди тоа, ама ете има случај кога Твитерот може да ти донесе и отказ. И не нема да бидам од оние кои ќе ви пишуваат правила и прописи како се користи Твитер, туку само ќе ве поттикнам сами да си ги направите за себе и да одлучите дали она што ќе го твитнете ќе има посериозни последици.