135 #ПрегледВоПеток – Google I/O 2021

Оваа недела Google го имаше својот годишен настан на кој претставуваат и најавуваат новитети во својата понуда. А понуда, богами имаат. Па со можеби некој залутан исклучок овој #ПрегледВоПеток го посветуваме токму на Google I/O 2021.

Партнерство со Shopify

Пред некоја недела налетав на македонска веб продавница која беше придвижена од Shopify а плаќањето беше направено преку Casys, да наш Casys. Не сум испитал како и од кога е тоа можно, ама ете отвора опции.. па затоа првата вест во прегледов е токму партнерството на Google со Shopify.

Ова партнесрство подразбира длабоко поврзување на продавниците на Shopify со илјадниците места каде Google прикажува инфорамции за купување/шопинг. Или за да не се трудам да преведам, вака некако:

The integration will allow merchants to sign up in just a few clicks to have their products appear across Google’s 1 billion “shopping journeys” that take place every day through Search, Maps, Images, Lens and YouTube.

Amazon серизоно влегува во делот со огласување па затоа Google не смее да спие. Нема детали кога сето ова и официјално ќе биде достапно… Ќе има. Source: Google partners with Shopify on online shopping expansion

MUM — Multitask United Model

Тешко ми беше и мене добро да разберам што сакаат да кажат, ама Google, да да на I/O 2021 најавија и подобрена верзија на нивниот (природен) јазик. Пoдобрувањето од неговата претходна верзија велат ќе биде за 1000 пати. Значи ако до сега Google беше добар во разбирањето што сакаме да кажеме во нашите текстови во реклами и сл., сега ќе биде уште подобар. Ова е важно за нас обичните смртници затоа што бројни алатки на Google во позадина го користат овој јазик за подобро да го разберат она на што ние како корисници реагираме и сл. Деталите тука: Google’s MUM understands what you need: 1000x more powerful than BERT

Иииии како сте Џиперииии, и добредојдовте во новото видео каде…

YouTube објави супер податоци за тоа со кои зборови започнуваат најголем дел од видета обајвени на нивната платфрома. Не, го нема ова на GP, ама има доста кои верувам ќе ги препознаете. Интересно е, и покрај тоа што делува сосема логично, може да се извлече нешто и корисно како инфорамција. YouTube, со право вели дека се важни овие први зборови… You might not think about it much, but the first words a creator uses to greet their audience are pretty important. And the more popular the creator, the more likely that opening will become a signature sign-on. But of late, we (and a lot of other people) have noticed that one greeting in particular seems to have become fairly ubiquitous: “Hey guys.” Which got us wondering about where it might rank among all the other ways creators start their shows.”
Извор: YouTube Shares New Insights into the Most Commonly Used Opening Lines for YouTube Clips
YouTube: How do you welcome your fans to the show?

Android 12

Нормално дека на Google I/O 2021 стана збор и за Android. На ред е ново издане под број 12, а некои од новитетите ги има во видеово на TheVerge подолу:

Бонус линкови

До следниот #ПрегледВоПеток 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.