Ако не си направил и објавил аватар на Facebook неделава, можеш да продолжиш да читаш #ПрегледВоПеток. За оние другите…не коментирам…вие си знаете…
Збогум “Цена во имбокс“
Откако жена му го шишаше, другарот Марк некако доби многу идеи на ум. Те аватари, те соби за разговор ииии последното – Facebook воведува опција за отворање на е-продавница!
Пандемијата со сигурност го промени начинот на пазарање и веројатноста дека онлајн купувањето ќе остане како навика и откако сѐ ќе заврши е многу голема.
Па кога веќе ги гледате најновите колекции и промоции на Facebook или пак чекате локалниот бутик да ви врати на прашањето за “цена“ во порака, зошто би излегувале од комфорноста на стариот добар Facebook за да направите нарачка?
Продавниците ќе бидат со целосен каталог, бои и насловни фотографии, а купувачите ќе имаат можност да листаат низ производите, да зачувуваат и на крај да купат. Главната идеја зад овој потег е да се поддржат малите бизниси.
Дечките од Facebook и Instagram се здружиле со куп e-commerce платформи и изгледа дека знаат што прават.
Останува да видиме…
И Facebook беше на шопинг
Facebook издвои $400 милиони и стана сопственик на најголемата платформа за гифови – Giphy. Но не за себе, за подарок е…за Instagram <3
Денес, разговор на месинџер во кој ниедна страна нема испратено ниту еден гиф, се случува или кога си лут/а или кога се брзаш па немаш време (тука добро би легнал гифот со трчањето на Форест Гамп).
Визуелниот разговор е неизоставен дел од секојдневната комуникација. Дури половина од сообраќајот на Giphy до сега доаѓал од Facebook.
Ова довело до мулти милионска зделка помеѓу Faebook и Giphy а вторите се пофалиле со веста дека се супер возбудени да работат заедно со тимот на Instagram.
Спремете се за GIF overload по сториња…
Joe Rogan во љубов со Spotify
Мега популарниот комичар Joe Rogan потпиша договор со Spotify за стрим на својот подкаст во вредност од $100 милиони.
Rogan вели дека Spotify го купиле само правото за пренос и дека нема да имаат никаков удел во креирањето на содржината и дека таа секако ќе остане бесплатна.
Зошто оваа соработка го здрма светот е фактот што Spotify со овој договор го вреднува Rogan многу повеќе отколку било кој светски музичар низ историјата.
Потребни би биле 23 билиони стримови на еден музичар за да ја достигне сумата платена на комичарот за правата над подкастот.
“Joe Rogan just got paid the equivalent value of over 26 billion streams for a podcast licence.”
Tom Gray
Иако ѕвездата на зделката најави дека подкастот ќе биде бесплатен, Spotify се надева дека ваквиот новитет ќе повлече поголем сообраќај и претплати. А, да заради овој потег Spotify сега мора да развие воведе и видео плеер 😉
Google воведува организатор на табови
Ако си од оние што трупаат табови додека не можат ни сами да се снајдат, тадааам…Google ќе ти овозможи групирање и означување на табовите многу наскоро.
Табовите со слична содржина, на иста тема или од ист проект можеш да ги ставиш во иста група и се да биде толку прегледно и педантно.
Мене ова ми е супер кјут начин да си направиш организиран нотес од табовите на Chrome, со боички со се 🙂
Рестрикции и во Twitter
Промени и рестрикции тропнаа и на вратата на Twitter. Не баш како оние нашите но сепак…
Twitter тестира опција за лимитирање на можност за коментирање на твит.
Во средата, Twitter излезе со оваа вест, информирајќи дека ова е само пробна фаза и дека не се знае дали истата ќе остане перманентно.
Се работи за можност да избереш кој има дозвола да коментира на твој твит. Можеш да избереш помеѓу: сите, луѓе што ги следиш или само луѓето што се спомнати во твитот. Постовите ќе бидат видливи за сите и покрај ваквите опции и ќе може да се ретвитаат, но не и да се коментира.
Twitter до сега важеше за најотворена платформа во споредба со своите роднини Facebook и Instagram. Слободата да се коментира секому за сѐ и сешто не секогаш беше во полза на објавувачот. Па така, не ретко разговори воделе и до насилна и заканувачка ситуација.
Ваквата опција е еден од начините да се даде поголема контрола на испраќачот, без притоа да се наруши транспарентноста на објавите.
Квизирај се со BuzzFeed
Дознај си го карактерот според твоето омилено овошје или кое е твоето алтер его од листата на негативци од Дизни цртаните…
Не се чудете, после 7 што планиравте да правите а?
BuzzFeed со нов начин на анимирање во време на пандемија. И тоа со супер cheezy квизови кои можат само да ти предизвикаат неконтролирано смеење. Добро квизови на BuzzFeed не се новина, ама овие се за играње во група! Карантин, група, забавен квиз…
Пробајте и пишете ни како поминавте 🙂
Адаптацијата на алкохолната индустрија
Алкохолната индустрија со сигурност претрпе еден од поголемите удари како резултат на пандемијата. Затворени барови, откажани концерти и фестивали, прекинати рекламни активации поради елементот на социјална дистанца…
И додека Corona пивото упорно се трудеше да отфрли секаква поврзаност со коронавирусот и изгуби милиони поради ова, останатите алкохолни компании мораа да се снаоѓаат некако…
Не за џабе го оставив ова на крај како љубител на иновативни и брилијантни креативни кампањи.
Голем е бројот на алкохолни компании што ваквиот предизвик си го сфатија многу сериозно и испорачаа врвни ремек дела. Релевантни за ситуацијата, позитивни и паметно осмислени на начин што првиот пат кога ќе седнеш во бар по карантин, ќе знаеш што да нарачаш.
Ќе ги издвојам Carlsberg со иницијативата ##AdoptAKeg. Овие генијалци се обратија директно до своите љубители на пиво со видео во кое буре за пиво седи само во локален бар на шанк “исплашено“ и збунето зошто одеднаш нема луѓе. Брендот ги повикува фановите да “посвојат“ буренце за пиво за да не биде осамено. Ќе го направат ова со тоа што ќе скенираат лименки дома и со тоа ќе го полнат своето виртуелно буре со пиво.
Наклон…
Бонус линкови
- Capturing the consumer mood across Europe: lockdown advertising
- Google Analytics i Ads implementacija – kako i zašto u 2020.
- 50 + Best FREE resources for learning design & grow your career
- Disney’s Head of Streaming Is New TikTok C.E.O.
- Facebook’s Smooth New Political Fixer
Тоа е за овој #ПрегледВоПеток, читај не пак следниот петок, а ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.