Уште еден, или повторно прв бесплатен весник

Геро го најваи новиот дневен весник – А сега, навистина бесплатен весник!

Не би коментирал за можниот квалитет и сите остани работи, бидејќи на нероден петко капа не му се крои. Она што мене ме скокотка (а гледам и во коментарите е спомнато) е кој кому што му украл.

Кога требаше да излезе навистина овој нов весник?
Кое име требаше да го носи?
И конечно дали навистина беше планиран како бесплатен весник?

Или Геро го изгуби чекорот со конкуренцијата уште пред да го објави весникот, па беше притиснат во ќош приморан да употреби друго име, друг модел итн.

Но, сето ова може да биде сосем неважно дококу овој весник навистина се покаже како успешен. Ајде да почекаме уште малку.

За вакви работи јас сум секогаш оптимист, и позитивно расположен.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments Уште еден, или повторно прв бесплатен весник

  1. PetarK 24/05/2006 at 00:40

    Хух, некој во Македонија тврди дека го измислил концептот на бесплатни весници? 🙂

  2. Вероника 24/05/2006 at 10:34

    Не.

    Се извинувам што го користам блогов за оваа намена ама сакам да му кажам на ПетарК дека беше екстра вчера.Се надевам дека сопственикот нема да ми замери.

  3. Darko156 24/05/2006 at 11:57

    Немам ништо против да комуницирате тука, (сега за сега) ама те молам Вероника кажи барем каде тоа Петар бил екстра, вака е тотално нефер за другите читатели а и за темата.

  4. Вероника 24/05/2006 at 13:05

    Се извинувам што не кажав, значи на Чуму- иако не е поврзано со темата, за што посебно се извинувам :).
    Не ми беше поентата да воспоставувам комуникација и сл., само мислам дека и блогерите и другите ликови од мкд е-заедницата заслужуваат да им се каже дека се позитивни и влијателни и надвор од своите кругови.

  5. GoodBytes 26/05/2006 at 19:11

    Проштевај Дарко што се мешам офтопик. Ја гледав емисијата Чуму „Колку македонскиот интелетуален потенцијал е способен за жестока ај-ти технологија?“. Како и обично, дебатата беше во речиси сосем друг правец од тој што прашањето/насловот го имплицира.

    Како и да е, тоа што Петар го кажа е сосем на место и можам само да се согласам со неговите мисли.

    Линк: емисијата во Real формат (51 MB).

  6. Pingback: Cheap cialis www epi d com.

Comments are closed.