Бесплатен интернет за 460 училишта. Звучи прекрасно и многу позитивно води кон патот кој трансформира во информатичко општество. Оваа иницијатива ја покрена покојниот претседател Борис Трајковски. Реализацијата ја спроведуваат он.нет и Логин системи, a за финансиите се задолжени УСАИД. Ова честење ќе трае до септември 2007. Да се надеваме дека учениците и нивните претпоставени ќе се навлечат на оваа зависност и дека и по овој период ќе продолжат со користење на оваа мрежа. Паралелно со оваа вест деновиве кружи и веста дека Македонија ќе земе учество на Electronic Sports World Cup 2005. Постојат детални правила, репрезентации, па дури и владини програми за поддршка на оваа нова спортска дисциплина. Спортистите можат да бираат дисциплина: CounterStrike 5vs5 и Warcraft III 1vs1. И ова е еден чекор напред кон информатичко општество, само се надевам дека оние 460 училишта и нивните ученици нема да ги искористат своите компјутери само како подготовки за светскиот куп 2005.
Е, што ти се медиуми и агресивен настап. Секоја чест на Оннет и глобалистичките пријателчиња, за великодушниот и прогресивен чекор кој го направија. Но, за воља на вистината, треба да се спомене дека 250 образовни институции, по принцип донација, до овој момент се веќе Online. Имено, МТнет од Март до сега обезбеди и приклучи на интернет, основни и средни училишта, Универзитети и Факултети и други едукациски институции низ цела Македонија. Дополнителни 100 ќе бидат приклучени во летниот период, преку АДСЛ брз интернет пристап, 512/128 Kbps (download/upload). Сепак и оваа информација заслужува простор.
Клучното прашање е до кога државата како "носител" на сите сериозни реформи и "доближувања" до глобалните напредни концепти ќе се потпира на милостина, а ќе се ангажира во организирање турнири во CounterStrike 5vs5 (па можеше барем некоја поконструктивна игра да поддржи). Крајно време е да се зафати со развој на сериозна стратегија за развој на информатичко општество, која е многу над симулација. Очигледно, низ турнирите кои ги организира, државата уште еднаш демонстира дека симулацијата е нејзин главен фах..
Реф. пост + ком.1:
После оние пославните на Фоербах, еве и неколку мои тези (не баш славни):
1. За жал на сите нас имањето стратегија нема да биде решение на проблемот (по правилото на неопходен, но не и доволен услов), иако тоа секако би било прогресивен чекор. Доказ: видете што се случува со „три-и-пол милиони“ закони кои ги имаме, а кои не ја менуваат нашата секојдневица.
2. Атрофирани институции (читај држава, или она што е останато од неа)тешко дека ќе обмислат и спроведат сериозен кохерентен развоен проект како што е информатичко општество.
3. Никој во РМ нема да може да ви објасни што треба да биде информатичко општество во наши услови (види теза 1.), вклучително Јани МаККар-дули и неговата комисија (еве да кажам во стилот на Латас, оние кои ги плаќаме за тоа). Имањето на сметачи и интернет во секое училиште нема да значи информатичко општество, туку „училишта со цирка 500 ученици со пет-шест компјутери на нет“. Дури и 100% покривање на училишта е формално-површен знак дека нешто е подобрено (иако не е за занемарување, секако). Информатичко општество значи да речеме плаќање на сметки од дома (вест од вчера: две банки кај нас ќе се затвораат, така што од бош-банки или полу-банки, не бидует е-банки), поврзаност на институциите во мрежа и достапност до народецов (вест од вчера: хидо метеоролошки завод се жали дека нема анти-град ракети за летната сезона, како сега од нив да очекуваме дека ќе бидат онлајн и од дома ќе можам да видам какво ќе биде времето утре кога сакам да одам на Водно, да речеме).
4. Добро да не тупам, и муабетите за информатичко општество во РМ се симулација, убаво звучат и ни даваат „чувство“ дека сме дел од тој круг и од таа дебата, но не сме, за жал, и прашање е кога ќе бидеме, ако воопшто. Не сум песимист, и мислам дека во наши реални околности да се биде оптимист доволно е да се верува дека некогаш ќе бидеме.
5. Ако веќе постои позитивна конкуренција помеѓу ОН-Нет и МТ-нет за вакви благородни проекти дај нека се нафатат да опремат по некој институт, вклучително и ИСППИ, оти мислам дека научни работници и истражувачи ќе видат поголемо фајде од брз-интернет отколку клинците и клинките кои ќе сурфаат за Бритни и Бекам (со пардон за ова и без потценување кон малите).
6. Поентата на симулацијата: најчесто тоа е прикривање, а таквата изнудена симулациска стратегија (единствена стратегија што ја имаме) доминира оти не можеме да се соочиме со стварноста (да го најдеш референтот значи да излезеш од кругот на симулацијата). Целото општество ние е некаков пациент, а разните естаблишментовци се тука некакви доктори кои за наше добро не ни кажуваат колку сериозно сме заболени, за да не се секираме ние фините.
7. Ефекти на симулацијата: не мисли на стварноста, оди глеј Тв-шоу со Јанко, сврти му, кажи си по нешто, оти ако кажеш сé ќе биде супер, оди играј бокс-квиз со Тони Михајловски, така ќе им се осветиш на политичарите, оди глеј светски премиери во кино кое не може да си ги плати сметките, и.т.н.
Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Ðови чекори | К О М У РИ К РЦ И И .