„Веб-от треба да остане неутрален и треба да се противстави на обидите за негова фрагментација во различни (под)сервиси“, изјавува изумителот на веб-от Сер Тим Бернерс Ли.
Оваа негова изјава дадена на Собирот на веб-конзорциумот во Единбург чиј претседател е токму тој, доаѓа како реакција на скорешните обиди на американско тло за воведување наплата за одредени степени на пристап до веб-от и информациите на него.
Неговиот аргумент е дека со ваква сегментација би се уништила идејата за отворен пристап и еден заеднички (споделен) веб-простор. Наспроти ова, неговите погледи за отворен „читај и учествувај/пишувај“ интернет почетокот на 90-те години се мошне блиски до медиумот на блогот.
Уствари се работи за малку повеќе отколку само вебот. Моделот за large-scale QoS-базирана инфраструктура би го опфаќал цел интернет сообраќај во рамките на таа инфраструктура (или тој ISP)… еве и кратко продолжение на темава.
Фала за надоврзувањето (или линкањето во IT речник), мошне информативно и корисно.