#комкаст 9 – Комуникации.нет подкаст

Ќе изненадев и со оваа епизода, спремен бев да ја објавам порано. Но, оние кои ја слушаа во живо на РадиоМОФ, со право, реагираа дека фонот во позадина беше прегласен. Па затоа морав да ги замолам техничарите во радио да го средат тоа и да ми пратат нова верзија. Еве ја новата, се надевам дека е подобра.

Во оваа девета епизода гости ми беа Владимир Лочев од Дневник и Виктор Арсовски од it.com.mk. Зборувавме за тоа колку и како технологијата, интерентот и науката се застапен во локалните медиуми. Малку фалевме, малку мрчевме и на крај се обидоме да посочиме и предложиме што би било фино да се направи. Се заборавивме малку со муабетот и отидовме над 40 минути. Се надевам дека нема да има замерки за тоа.. но нам ни се видоа помалку 🙂

Само на кратко два линка од инфо блокот на почеток на подкастот, спомнати беа:

АвиоНет – http://www.avio.net.mk и
Мојот избор – http://mojotizbor.mk/

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment #комкаст 9 – Комуникации.нет подкаст

Comments are closed.