Social TV?

Читајќи го постот TV becomes social again некаде при крајот ми текна да се запрашам, да прашам: кога twitter ќе почне да се користи во контактни емисии на ТВ?

Знам, сервисот не е подржан од нашиве мобилни оператори, сеуште, ама популарноста на контактните емисии на ТВ и на радио е на завидно ниво, па оттаму може би дошло како згоден експеримент да се испроба можноста за употреба на овој канал како уште едно дополнително поле каде би се пренела дискусијата.

Убеден сум дека ќе биде подобро место за отворена дискусија од долниот дел од екранот на јади бурек, нели ако нив тоа воопшто им е цел, отворена дискусија.

Како и да е. Авторот на постот спомнат горе го заклучил следново:

Twitter plus TV = informed viewing.

А јас, иако без лично искуство, се сложувам со тоа 😉

Дополнување: Ја отворив темава на OnlineJournalismBlog групата. И од таму дознав дека во Холандија има некои примери на коритење на twitter за време на тв емисии, но од истиот човек, Wilbert, дојде уште една одлична забелешка/идеа.

Twitter како канал за дискусија и коментирање во живо на фудбалски натпревар, а нели за една недела почнува Европско. Може да се испроба ова. Ќе подразмислам малку за имплементација, ако има некој заинтересиран да помогне, бујрум.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Social TV?

  1. Goran 27/05/2008 at 23:45

    Убава идеја и замисла за подобрување на македонскиот (темен) телевизиски простор. Меѓутоа мислам дека премногу го идеализираш нашиов медиумски простор. Пуштањето пораки е далеку од фер и наивно како што ние замислуваме (посакуваме). Само еден пример за емисијата јади бурек. Во четвртокот го гледав министерот за финансии на гости кај Јанко и разочаран од ниското ниво на дискусија и темите што се дискутираа пуштив смс со барање (не беше ни критика) за смена на темата. Пораката не ми беше пуштена во емисија речиси до самиот крај, а нормално 30 денари ми беа скратени од мојата сметка на мобилниот. Изнервиран и разочаран од ова пратив уште една порака која никого не навредуваше само уште еднаш бараше да се дискутираат посериозни прашања (а не на пример да се зборува за разликата помеѓу исплаќање на нето и бруто личен доход) и допишав дека не сум од СДСМ за да ми ја пуштат пораката. Не само што не ја пуштија туку на крај ми вратија две пораки со текст Македонија во Срцето.

    Поголем блам мислам дека нема, така што Дарко добро е ти што теоретски го расправаш проблемот, ама се плашам дека во пракса онакви емисии како Јади Бурек, не се вредни за спомен. Таков блам од емисија, не знае ни што е ниту зошто служи twitter. Навистина жалам што Јанко и тие што го инструираат имаат ист пасош како мојот, македонскиот. Се надевам дека наскоро (ако досега не го сториле тоа) ќе си земат бугарски пасоши по стапките на нивните претходници и нема да ми го валкаат името и честа на мојот народ.

Comments are closed.