Онлајн дебатирање (дискутирање) и негово менаџирање – локални искуства

Локалната традиција вели дека сѐ треба да се најави во последен момент. Не бевме далеку од ова, но ете изгледа сепак ќе успееме да изорганизираме уште еден од серијата настани именувани како „F2F“ (face 2 face). За што станува збор? Еве вака:

Датум на одржување: 29-ти мај 2009
Место: КЦ „Точка“, Скопје
Време: 19 часот
Организатор: Центар за нови медиуми

Најавуваме четврта „Face to Face“ дебата под наслов „Онлајн дебатирање и неговото менаџирање – локални искуства“. Дебатата е планирано да вклучи локални практичари и аналитичари на темите: онлајн модерација, раководење и менаџирање со заедница, администрација на дебатниот онлајн простор, менаџирање на коментари, онлајн диксуија и демократија.

Добивме потврда за присуство од модераторите на Утрински Весник, А1, МоториИТ и еБизнис. Чекаме уште неколку потврди и секако упатуваме отворена покана да присуствувате на оваа дебата и активно да се вклучите во дијалогот кој, се надеваме, ќе овозможи подобрување на состојбите во сферата на дигиталната култура и медиумското образование.

Еве го официјалниот линк за настанов на Facebook и во прилог официјалната објава во ПДФ формат: Онлајн дебатирање и неговото менаџирање – локални искуства

Денес и утре, до пред почетокот на настанов ќе треба да го смислиме финалниот формат на самиот настан. Немаме планирано презентации, и сѐ уште не знаеме дали ќе има некои кои ќе седат наспроти другите. По објавата од пред два дена, интерес очигледно има, па се останува да видиме колку и кои луѓе ќе се појават.

Искрено замолувам без срамење да се пријават сите кои ќе дојдат таму, а имаат или имале некоја улога на модератор, администратор и сл. за да може да им дадеме соодветен простор (читај време) за да споделат искуство.

Додека сум на тема Центар за нови медиуми, само на кратко да нафрлам уште еден линк до видео кое е објавено таму пред неколку недели. Станува збор за презентациајта на Barry Hillenbrand долгогодишен новинар на култниот американски магазин TIME. Презентацијата се одржа на 5-ти мај во просториите на Американското катче во библиотеката „Браќа Миладиновци” во Скопје.

Тој зборуваше на тема Нови наспроти стари (традиционални) медиуми. Секако, целата снимка е зад линкот 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.