Прегледов ќе биде малце успан, ко јас цела недела… Но, ајде да размислуваме позитивно! За сите зависници од телефони конечно добра вест…
Facebook Creator Studio app конечно со schedule опција
Само што отворив очи, првото известување што го прочитав беше ова! До сега апликацијата немаше опција за закажување постови, па ова многу ќе им ја олесни работата на on the go маркетери (читај мене!). Единствено нешто што не ме воодушеви е тоа дека не може да се закажуваат постови со повеќе слики. 🙁
Twitter му направи fact-checking на Трамп
На 6 месеци до изборите, се чини дека социјалните мрежи сѐ уште не се подготвени да се справат со политичките дезинформации.
Твитер на почетокот на овој месец најави дека работи на ограничување на ширење на потенцијално штетни или лажни содржини со тоа што ќе им поставува етикети на тие твитови.
Прашањето беше дали Твитер ќе им стави етикета на многуте твитови на Трамп, а одговорот го добивме во вторникот кога претседателот Трамп твитна серија тврдења за потенцијална измама на гласачите, откако гувернерот на Калифорнија најави обид за проширување на гласањето преку пошта во Калифорнија за време на пандемијата COVID-19… и си доби етикета од Твитер за ширење на дезинформации.
Инспириран од тоа, Трамп потпиша наредба дека социјалните мрежи ќе бидат казнети за начинот на оценување на која објава е лоша а која добра бидејќи со тоа се спречува слободата и правото на говор.
Што мислите за ставот на Трамп, дали треба да се има слобода на говор на социјалните мрежи? Меч со две острици.
Google со ново рангирање на сајтови
Google најави дека ќе има промени со начинот на рангирање на редоследот на прикажување на сајтовите, со помош на Core Web Vitals.
Зошто го прави ова? Секако, за подобро искуство при користење на веб сајтовите, со тоа што новиот сигнал за рангирање се нарекува page experience signal. Во предвид ќе се земат неколку метрики како mobile friendly, safe browsing, HTTPS-security и intrusive interstitial guidelines.
Google им даде ран преглед на корисниците од досегашната работа околу ова, за да им помогне на сајтовите да се подготват за промените што доаѓаат.
Instagram со нова камера
Овој преглед не би бил доволно инфлуенсерски ако нема нешто со кое сум опседната, а тоа е Instagram. Посебно нешто што ме воодушеви во последно време околу Instagram (покрај сите проблеми со алгоритамот во последно време и проблеми при (не)објавување) е новата камера и опциите во неа. Викаат секое лошо за добро е.
Особено сум заљубена во Dual камерата, но за жал сѐ уште не е достапна за сите корисници, како и секогаш.
Ikea ме врати во детството
Ikea е позната по своите скици како да составиш нешто, но овој пат ме врати во детството кога градевме куќи на гости кај дедо. Целата кампања е инспирирана од пандемијата која нѐ затвори во 4 ѕида и е направена со цел да им биде интересно на децата дома.
Има 6 дизајни, односно секоја скица прикажува како да изградиш куќа, пештера, тврдина, камп, замок или купола.
Бонус линкови
- How to Create and Run a Brilliant Remote Workshop
- TikTok Expands Shopping Features by Bringing Creators into the Fold
- Instagram makes it easier to see when you’re broadcasting music you can’t use
- Ako je content kralj, ko je onda kraljica?
- Is IGTV Monetization Enough to Keep Creators on Instagram?
Се читаме во следниот преглед во петок 😉