Реклами на Facebook. Може ли да променат нешто?

Актуелна тема. Мноооогу актуелна тема. Всушност тема која може конечно да мрдне некои закоравени работи на полето Интернет огласување во Македонија.

Ме радува ова што се случува со рекламирањето на друштвенава мрежа. Неофицијално (врз основа на  личен разговор со Филип) моментално има повеќе од 4о различни македонски огласувачи на Facebook. Филип работи сериозен труд на темава, па во иднина ќе може да очекуваме некои посаглам податоци. Но, до тогаш може само да констатираме дека Facebook собра повеќе платени реклами од вкупно сите други сајтови на македонски јазик.

И сето тоа е убаво. Мојата логичната претпоставка за ваквиот тренд е следна: Facebook е популарен, многу луѓе го користат, шема е, сите за него зборуваат и доста важно, релативно лесно може да се пушти реклама и да се има комплетна контрола над неа, без посредници, без лажни бројки за посетеност, без лажни ветувања и што е најважно без закуп на кило.

Има многу аспекти кои може да се анализираат кај овој тренд, но јас на кратко во постов ќе прокоментирам само два 🙂

1. Дали некој се грижи за успешноста за рекламните кампањи?

Убаво. Ќе ставите сликичка, ќе впишете текст, можеби и ќе таргетирате и толку. Завршена работа. Но дали е тоа доволно? Дали некој се запрашал дали и како може да го зголеми ефектот на рекламата? Дали некој се обидел да спореди ефект од реклама на Facebook и реклама на некој друг локален сајт. Дали некој седнал да направи анализа на корисниците кои му ја кликат рекламата. И, конечно, дали некој брои колку конверзии направила таа реклама?

На вебинарот во четвртокот, претставникот од ТимПоинт беше запрашан за дел од овие работи, и тој гордо истакна дека им била понудена услуга рекламирање на FB, но тие сфатиле дека можат сами да го направат тоа и дека биле задоволни. Но ни збор повеќе, од што тоа се задоволни? Кои биле целите кои си ги поставиле и исполниле?

2. Закуп на кило.

Една од работите кои најмногу ме иритираат на локалниов пазар за интернет огласување е временски закуп на рекламен простор. Тоа автоматски дозволува низа манипулации и непрецизни договори со сосптвеникот на сајтот а во исто време и го демотивира огласувачот да закупи простор за реклама. Е сега, поучени огласувачиве од искуствата со FB, се наметнува прашањето дали конечно ќе побараат во маркетинг понудите на сајтовите да има нешто повеќе од закуп за недела или месец? Дали конечно тоа ќе ги натера и сопствениците на сајтови да почнат да користат соодветни системи за дистрибуција и управување на реклами со кои ќе можат да испорачаат многу повеќе од едноставно објавување на банерот?

Доста е. Отворив едн куп прашања. Ајде, да не стои така незавршен постов, обиде се да го споделиш твојот став барем на едно од горе зачнатите прашања 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

11 Comments Реклами на Facebook. Може ли да променат нешто?

  1. Milko Aritonoski 01/06/2009 at 14:16

    Огласувањето на Facebook (ако зборуваме во локални рамки) е крајно неинспиративно и досадно. Од сите можни банери кои досега продефилирале пред моите очи, ниту еден не бил доволно "провокативен" или attention grabbing за да скокнам до линкот и да проверам за што се работи. Според мене, луѓето овде (па и пошироко) се уште не се свесни за потенцијалната златна кокошка која се крие во advertising можностите на Facebook. Останува да видиме дали некој воопшто ќе се потруди да направи некои од погоре набројаните истражувања, за да ја мрдне работава од мртва точка.

  2. Darko Buldioski 01/06/2009 at 14:22

    А што би сакал ти да видиш? Каква реклама? Дај пример.

  3. Milko Aritonoski 01/06/2009 at 14:27

    Па еве како за пример би ги набројал квизовите. Сите сме свесни колку луѓето се 'утепуваат" од играње квизови на Facebook. Да не ги заборавиме и малите игрици кои се исто така популарни. Зошто да не се направи кампања за промовирање на нова услуга или продукт преку ваквиот начин кој претежно служи за забава? Според мене, луѓето многу полесно свесно (а и подсвесно) ќе го запаметат advertisement- от доколку не им се "боде" во очи, туку им се презентира дел по дел, во нешто што го сметаат за daily routine. Тоа е само мое мислење, нели 🙂

  4. Darko Buldioski 01/06/2009 at 14:35

    Тоа е веќе еден чекор повеќе 🙂 потполно се согласувам.

    Сепак, ми се чини дека огласувачиве уште не се на тоа ниво. Тука треба уште малку повеќе труд, знаење и управување и сл.

  5. Elena Kostovska 01/06/2009 at 15:40

    И јас се согласувам со Милко и со тебе. Мислам дека причината за непостоењето на малце покреативни пристапи кон користење на ФБ за промотивни цели е баш заради недостатокот на добро истражување/стратегија/планирање од страна на МК фирма. Поставување на рекламен банер на ФБ е наједноставниот и најнекреативниот начин да бидеш присутен таму. Значи освен сегментирањето коешто фирмата го прави (коешто е стрејтфорвард) пред да ја постави рекламата, не прави никаков друг напор за разбирање на тоа како таргетот го користи ФБ (сигурно не за кликање на реклами). ФБ постои за интеракција, комуникација и поврзување а не гледам многу локални фирми/институции коишто го бираат тој начин за присуство таму. Кликање на реклама во ниеден случај не е интеракција/комуникација. Тука нели се поставува друго прашање: дали се овие истите фирми што се рекламираат на ФБ спремни (стратешки) да бидат дел од некаква еден-на-еден комуникација со своите клиенти/потрошувачи…

  6. GoodBytes 01/06/2009 at 23:22

    Еве една алтернатива која инстантно решава многу инженерски предизвици: AdSense.

    Google AdSense им дозволува на огласувачите да се рекламираат на одреден сајт кој има AdSense полиња за реклами. Со избор на опцијата Advertise on this site, огласувачот може да постави своја реклама таму. Единствената мана на овој модел е „третата рака“, односно провизијата која ја зема Google, наспроти случајот кога директно би се договориле огласувачот и издавачот.

  7. Darko Buldioski 01/06/2009 at 23:37

    Google AdSense има серија на предности како опција за рекламирање. Google AdSense е мрежа за рекалмирање и со самото тоа носи далеку повеќе можности.

    Плус (од некое скромно лично искуство) мислам дека ефектот на добро сработена кампања со AdSense може да донесе повеќе ефект, секако и ќе чини повеќе 🙂

  8. Anonymous 01/06/2009 at 23:48

    Резултатите од анкетата за корисници на Фејсбук во врска со тоа што прават со тамошните огласи се достапни на англиски јазик

    What do Macedonian Facebook users do with the ads by Macedonian companies?

    а и ве една скратена форма и на македонски.

    Во основа, третина велат дека не кликаат на огласите воопшто, а под 5% велат дека ги кликаат често. Од тие што кликаат, две третини не се враќаат по вторпат на рекламираните сајтови. Многу мал дел (1,4%) изјавија дека купиле нешто директно од рекламиран сајт.

    Една другарка вечерва ми кажа нешто што се надоврзува на претходните коментари. На луѓето кои Фејсбук го користат првенствено за забава или дружење, огласите им претставуваат нешто неприродно и непожелно во тој контекст. Оти, огласите се однесуваат на работа, а не на личен живот…

  9. Darko Buldioski 01/06/2009 at 23:57

    Според ова последново значи дека погрешни реклами се пласираат 🙂

    треба некој да стави реклама од секцијата лични огласи 🙂

  10. Стефан 02/06/2009 at 23:45

    Последниве денови имав можност да разговарам со луѓе кои работат во фирмите што се рекламираат на Фејсбук. Мој впечаток е дека тие се задоволни со самото тоа што се појавуваат во мрежа која е светски популарна. Моментално не му ја мислат на резултатите и фидбекот. Тоа ќе го прават во следната интернет маркетинг кампања. Ова се тие "детски болести" кои треба да ги поминат нашите компании…

  11. Darko Buldioski 03/06/2009 at 00:02

    Се надевам дека следната ќе биде набрзо 🙂 и дека ќе бара и добива вистински резултати 🙂

Comments are closed.