Дај побрзај, на Haineken начин!

Јасно ни е на сите дека во последно време брендовите прават еден куп кампањи кои примарно се направени да изгледаат кул на видеото кое следува отпосле. Нема тука ништо лошо, се цени креативноста, идејата и секако изведбата. Од Heineken не може да се очекува ништо лошо. Брендот континуирано се докажува на ова поле.

Се сеќавате на „Дај побрзај” со Марко? Знам не беше баш скоро, ама една од легендарните емии беше. Е, кампањата за најголемиот клупски фудбалски настан во светот  (финале на Лига на Шампиони) се базира на таква механика. Си ја крстиле Road to the Final и ја споровеле во Атина. Тимот на Heineken на неколку случајно избрани момци и дал рок од еден час за да се спремат да одат на финалето. Наградата, секако, е влезница за големото финале. Да не се објаснувам, еве го видеото од Heineken.

Се ми се чини дека ова снимањево не било се баш 1 саат. Така се мести камера во кола и ред други ситници, за еден саат :)). Ама тоа е сосем друг муабет. Што викаш ти? Колку се реални ваквите кампањи налик на оваа и онаа со 007 на железничката или со вработувањето? Дали воопшто е важно дали е ова изводливо како што изгледа или е поважна креативноста и финалниот спакуван производ, кој денес ние го нарекуваме вирално видео а не е ништо друго туку е паметно креирана реклама?

Спонзорирана објава

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.