
Се собравме сите тројца заедно (јас, Сеад и Мите) и влечевме паралели за тоа како телевизијата и Facebook се слични. Испаднаа интересни муабети и аспкети. Како и секогаш ни се вклучија во дискусија и пријателите од Твитер, а специјален шмек на оваа епизода и даде музичката нумера со која ја започнавме и завршивме.
Во меѓувреме Facebook (како платформа, нели) додаде уште една опција со која ја намалува важноста од директна комуникација и ја зголемува пасивноста на оние кои управуваат со страниците на брендовите.
Фотографијата е направена на почетокот на подкастот, додека одеше специјалната нумера 🙂