Кога “фала” не е доволно за #sparkme

Немам пишано пост на блогов точно 6 месеци. Што од мрза, што е недостиг на време, но најмногу од недостиг на мотивација. И кога после 6 месеци решавам да пишам пост, претпоставувате дека сум ултра, мега, гига мотивирана. И за тоа има само 1 единставена причина, Spark.me.

Нема доволно зборови да ви објаснам на каква конференција бевме, и колку вредеше да се биде таму. Конференција која ти отвора стотина прашања во глава и те тера да размислиш што ти всушност правиш и колку имаш постигнато. Емоции еден куп, импресии уште повеќе, инспирација и мотивација на кило. Тимот на Spark.me РАСТУРИ!

Само првиот ден беше подобар од двете минати конференции заедно. Дури и после втората презентација, конференцијата можеше комотно да се затвори и пак да биде најдобрата. И уште сум превозбудена па можеби и многу повеќе емотивно реагирам, но погоре кажаното беше краен заклучок на секој учесник/посетител поединечно.

Нема да ви пренесувам многу содржински детали, затоа што Дарко ќе ги напише истите. Јас само ќе се обидам емотивно да ви го пренесам искуството и да ве натерам да бидете таму следната година! Затоа што една конференција не се состои само од предавачите, туку се состои од комплетното искуство кое ти го подарува. А Spark.me вистински донесоа победничко искуство. Да познаваш тим како Spark.me си многу богат човек.Емотивно сум поврзана со сите овие луѓе, па ќе си дозволам да ги величам и да не ми биде ама воопшто грижа за тоа.

Прво и најважно:

Овој е човекот кој трета година по ред ги носи нашите омилени светски спикери на само 400км од нас. Оваа година нормално Ramon беше ѕвездата. Дојде, растури и си замина. И ќе плачеме по него уште дооооолгооо, долгооооо.

Значи, оваа година Вања фала ти за Ramon, за Paul, за Steli, за Buxton family, за Dave, за J.B.M.Kassarijan. И фала што си таков каков што си, затоа што ретки се луѓето како тебе. Фала за целата мудрост, воспитаност, одмереност, интелегенција, што ја носиш со себе! Горда сум што те познавам!

И фала за сите други предавачи, но овие ми беа омилените. Ramon ме потсети зошто си ја сакам професијата! И пак ме потсети зошто го сакам него и можам да го гледам цел ден без престан! Понекогаш после ваквите предавања сум љубоморна на сите оние “колеги” во другите земји со многу поразвиен маркетинг пазар и многу повеќе можности за квалитетни кампањи.

Како што Ramon отвори, така професорот Kassarijan затвори. Грутка во грло после последното предавање ми се појави. Сакав уште, уште да слушам. Барем уште по 30 минути на секој предавач. Проф. Kassarijan ме потсети колку треба да се почитуваат и да им бидеме благодарни на луѓето како него. Тоа е еден човек кој ќе остане да ми биде водилка цел живот.

Апсолутно морам да ги истакнам Paul и Steli. Првиот ја имаше можеби најдобрата презентација која ја имам видено во животот, и содржински и визуелно. Уживање!!! Темата ми беше нова, не непозната, но досега никој не ја разработил на таков начин. Одличен беше!!!

Stali беше најенергичниот предавач на сцена. Толку пасија одамна немам видено. Искрено и самокритички, можеби беше и најголема инспирација за да се преиспитаме колку сме егоистични во професијата и до каде егото може да (не) нè однесе.

Второ по редослед:

Итана, љубим те! Што би рекол Дарко, ова е душата на конференцијата. Оваа девојка прави да се чувствуваш најважен на светот! Со љубов, почит, и многу забава ги опсипува сите учесници на конференцијата. И покрај еден куп работа, таа секогаш е тука да те расположи, да те организира, да те води, да те информира и најважно од се да те забавува најмногу на светот.

Значи, Итана, фала ти за најубавото поминато време втора година по ред. За сите муабети на Facebook, за сите искрени гушкања и за целата љубов што ја имаш во тебе. И нормално за беспрекорна организација на целиот престој на Spark.me.

Itana и Ramon

 

Третото е за најмалото и најслаткото:

Ова мало, мило ја разубавува конференцијата во секоја можна смисла. Задолжена за секогаш позитивно расположение и за забавата на предавачите и таа е еден огромен дел од душата на конференцијава. Не залудно е омилена на секој предавач на конференцијата.

Jovana Biga

Значи, Јована, фала ти за сите насмевки и за радоста што ја пренесуваш. Фала што си ми “сестра” по Орео и што сега имам ваква маичка 🙂

Фала Наташа, Никола, Предраг и сите други за овој прекрасен тим. Сите заслужуваат еден огрооооомен аплауз за неисцрпната енергија и позитива!

Spark.me Team

Фала Добрила, Фарук, Хана, Јелена, и нормално Вера (ми недостигаше годинава) кои пак ми го збогативте искуството со супер дружба!

И нормално мора и оваа фотка да ја ставам тука, фала на моите луѓе што ми овозможија да бидам таму и за супер поминатото време 🙂

Македонците на Spark.me

Доста се изнафалив! Она што ви оставам на вас е да ги чекате видеата и да ги прегледате од а до ш сите. Иако никако нема да ви ја доловат атмосферата и енергијата која се чувствуваше таму. Во меѓувреме ви препорачувам да си ги следите Spark.me и да ја чекате идната конференција!

 

Целата #SparkMe беше насочена кон 3 клучни збора: storytelling, community и experience, и токму тоа и го направи, ни остави приказна да споделуваме, ни остави одлични контакти со балканското онлајн комјунити и ни креираше неповторливи искуства. До година, и да креираат барем половина толку добра конференција како годинешнава, мене ќе ми биде доволно!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Кога “фала” не е доволно за #sparkme

  1. Slobodan Djurdjevic 03/06/2015 at 16:58

    Svaka cast za post. Potpisujem imenom i prezimenom sve sto je navedeno u postu. Pozdrav…

  2. vera 03/06/2015 at 17:08

    Divno Natalija, divno!!! Vidimo se dogodine 100%!!!

Comments are closed.